Детската смеа ги топи срцата на сите. Разговорот со 3-годишно дете може да биде многу забавен и смешен, а е надополнет и со неизвесноста од она што детето ќе го каже следно.
Затоа, повеќето родители се трудат да ги натераат своите малечки да дадат некои изјави, а понекогаш не успеваат да ги овековечат. Таткото Зет успеал да ја сними својата ќерка додека има сладок момент и тоа го споделил на својот профил на „Тик-ток“.
Малена Сејлор, 3-годишно девојче, е ѕвезда на профилот на татко ѝ, каде што ги следат околу 10 милиони следбеници. Сејлор ги обожава ликовите од цртаните филмови на „Дизни“, а татко и го смислил најдобриот начин да извлече слатка реакција од неа.
Ја оставил во собата со воки-токи, додека од другата соба го глуми нејзиниот омилен лик од „Дизни“. Нејзиниот ентузијазам го забележала камерата и тоа е најдобриот дел од целата приказна, бидејќи девојчето ќе може и самото да ги гледа тие моменти кога ќе порасне, а татко ѝ верува дека тоа ќе биде прекрасно искуство за неа. Во видеото погледнете ја нејзината реакција.
@zeth I don’t know if we can top this reaction ?
♬ original sound – Zeth