Директорка на кинеска градинка била отпуштена откако ангажирала танчарка на шипка за добредојде на дечињата.
Стотина деца и родители во градинката „Ксиншахуи“ во Шенжен, во јужната провинција Гуангдунг, ја гледале изведбата на шипка во дворот на градинката.
Видеата постирани од родителите во понеделникот покажуваат како танчарката се врти и игра заводливо.
Зборувајќи со медиумите, директорката Лаи Ронг изјави дека имало 500 деца на возраст од три до шест години и 100 родители.
Првиот понеделник во септември е почеток на новата учебна година во Кина, а училиштата често организираат церемонии за одбележување на настанот. Обично се вклучени мотивациони говори од директорот или некој алумни.
– Пред нашите деца да тргнат во градинка имаше 10-дневни воени активности и прикажување на оружје; сега директорката им посака добредојде со танчарка на шипка – пишува новинарот Мајкл Стандаерт на својот твитер-профил.
Тој раскажува дека голем дел од децата се чувствувале непријатно и неудобно за време на изведбата. Како што вели, сега, со новиот директор, работите се движат кон нормала.
Во изјавата испратена од локалното биро за образование стои дека нивната истрага покажала дека градинката поканила танчарка да танцува на шипка.
– Локалното биро за образование верува дека ваквиот вид изведба за деца во градинките не е соодветен – се вели во нивното соопштение. Од бирото додаваат дека побарале од училиштето да испрати извинување до учениците и родителите.
Директорката изјави дека ја изнајмила танчарката поради нејзините одлични вештини.