Кавгите со брачниот партнер секогаш се мачна работа, но вистината е дека тие се неизбежен дел од секој здрав брак. Без разлика колку и да се трудите да го скриете тоа од нив, големи се шансите дека сепак ќе има расправии и судири во нивно присуство. Таквите ситуации секогаш се стресни за децата, а на родителите им е тешко да најдат начин да им објаснат дека кавгите во бракот се сосема нормална работа. Актерката Кристен Бел и нејзиниот сопруг Дакс Шепард имаат техника што ја користат секогаш кога ќе се скараат пред децата, за од таквата ситуација нешто да научат.
– Редовно практикуваме една тактика што ја смисли мојот сопруг, а која навистина е сјајна. Тој еднаш предложи: „Ајде да се договориме и да се држиме до тоа. Секојпат кога ќе се скараме пред децата, мора и да се смириме пред нив“.

Многу често кога родителите ќе се скараат, децата го гледаат само тоа. Ретко се сведоци на помирувањето меѓу родителите, па како тогаш воопшто можат да научат да решаваат проблеми и да се смируваат ако единственото нешто што гледаат е првиот дел од кавгата.
Шепард и Бел признаваат дека им се случува да се скараат пред децата, а се бакнуваат и се смируваат кога децата не се тука. Потоа, истото тоа, како мала претстава, го повторуваат пред нив.
– Така, кога по напорниот ден ќе се скараме за време на вечерата, во спалната соба се смируваме, ама утредента, на појадокот, задолжително си се извинуваме еден на друг. На пример, јас велам: „Сакав да ти кажам, синоќа навистина бев уморна и нервозна, извини за тоа, многу ми е жал“ – раскажува Бел.
Ова е одлична тактика и нешто за кое многу мал број родители размислуваат. Ако детето веќе присуствувало на кавгата, тогаш тоа треба да се искористи на најдобар можен начин.



912

X