Низ годините поминати во работа со родители, деца и старатели, психологот Лорен Стобл често се среќава со прашањето како да се воспитуваат емоционално интелигентни деца.

„Децата со висока емоционална интелигенција ги имаат потребните алатки за да управуваат со своите чувства и односи, на здрав и безбеден начин. Клучните компоненти вклучуваат самосвест, саморегулација и мотивација. Но, изненадувачки, она што најмногу се занемарува е емпатијата“, вели Стобл.

Таа истакнува дека родителите на емоционално интелигентните деца уште на рана возраст ги учат своите деца на четирите вештини кои подразбираат емпатија. Тие се: како да земате предвид различни перспективи, како да избегнете осудување, како да препознаете емоции и како да комуницирате со разбирање.

„Кога вашето дете ќе види дека го применувате сето ова на луѓето за кои се грижите, тоа учи вредна лекција за тоа како да биде подобар пријател и член на заедницата“, вели психологот.

Тајната за подучување на емпатијата е да ја покажеш со свој пример

Стобл ги советува родителите да се поврзат со своите деца.

„Верувајте дека тие се љубезни луѓе и дозволувајте им да прават грешки. И не заборавајте да застанете и да кажете те сакам. Невозможно е да ги разгалите децата со љубов. Тоа се зборови кои никогаш не можете да ги кажете во преголема количина“, заклучила таа.

Извор



912

X