Забележан е значителен пад на бројот на деца што примиле вакцини за дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица) во првите четири месеци од оваа година, според новите прелиминарни податоци на ОН објавени во средата.

Повеќе од 30 кампањи за вакцинирање на сипаници беа во опасност да бидат откажани, а повеќе од 60 држави пријавија прекини во програмата за имунизација од мај поради пандемијата, се вели во заедничката изјава на СЗО и УНИЦЕФ.

– Страдањето и смртта што можат да се спречат со редовното вакцинирање на децата може да бидат многу поголеми од оние што ги носи Ковид-19 – вели лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.

Милион деца во Африка не примаат важни вакцини

И пред пандемијата агенциите предупредуваа дека имунизацијата е стопирана и дека само 85 отсто од децата се вакцинирани против пертусис и сипаници. Минатата година речиси 14 милиони деца, претежно во Африка, не примиле вакцини.

Сега е потешко за здравствените работници да спроведат вакцинации затоа што тие се пренасочени кон запирање на пандемијата. Покрај тоа, тие имаат повеќе проблеми заради ограничено движење или недостигот на заштитна опрема.

Дури и таму каде што вакцинацијата сè уште е достапна, родителите се плашат да одат во здравствени установи поради коронавирусот.

Извор



912

X