Маријам Набатанзи Бабирје, позната како Мама Уганда, е светски рекордер по бројот на родени здрави деца. Таа родила 44 деца за само 20 години.
И додека таа раѓала деца, семејството со години се борело со екстремна сиромаштија. Кога се проширила веста за овој случај, луѓето од целиот свет решиле да ѝ помогнат, доставувајќи храна и облека за семејството.
Родена е во 1980 година во големо, но екстремно сиромашно семејство. Нејзиниот татко имал околу 45 деца со неколку жени, а тоа е бројка само на преживеаните. Маријам еднаш рекла дека нејзината маќеа убила неколку нејзини браќа и сестри бидејќи не можела да ги нахрани. Тоа оставило трага врз неа и се заколнала дека никогаш нема да им го направи тоа на своите деца, без разлика колку е тешко да ги нахрани. Но, во тоа време таа немала поим колку деца ќе има.
Обичајот во Уганда бил девојките да се омажат рано. Штом достигнала пубертет, била мажена за маж кој ја платил со крава. Така, во 1993 година, на 12-годишна возраст, Маријам била дадена на жител на едно соседно село, вдовец кој имал 40 години.
Таа се породила вкупно 15 пати, од кои сите биле повеќекратни.
Една година по бракот, на 13 години родила близнаци. Второто и следните раѓања исто така биле повеќекратни. Маријам се породила вкупно 15 пати:
-6 пара близнаци
-4 тројки
-5 четворки.
-Нејзиниот случај е генетска предиспозиција за хиперовулација, ослободување на повеќе јајце-клетки во еден циклус, што значително ги зголемува шансите за повеќекратно раѓање – објаснил д-р Чарлс Кигунду, гинеколог во болницата „Мулаго“ во Кампала.
Токму затоа нејзината бременост резултирала со близнаци, тројки и четворки. Сепак, лекарите ѝ рекле дека може да има здравствени проблеми доколку престане да има деца.
Нејзиниот сопруг ја оставил во 2015 година, кога таа била бремена со близнаци. Не можел да се грижи за децата, а имотот во кој живеела Маријам со децата го продал. Таа и нејзините деца биле угостени кај нејзината баба, но кога баба ѝ починала, роднините ѝ го оставиле имотот за да ги смести нејзините деца.
Маријам побарала од лекарите да направат операција за стерилизација, но локалните лекари одбиле да го направат тоа. Жената имала среќа бидејќи нејзиниот случај бил опишан во научно списание. За уникатната мајка се заинтересирале лекарите од цел свет. Конечно, на 36-годишна возраст, група британски лекари ја оперирале Маријам. Таа не забременила повторно. Сега има 44 години и е самохрана мајка која се грижи за 38 деца.
Според извештаите од 2019 година, Мама Уганда и повеќето нејзини деца (постарите учат или работат во големите градови) сè уште живеат во нивното село, во четири еднокатни куќи. Три куќи се спални соби со кревети за деца.
Автор: Ана Дукиќ
912