Кога детето ќе се роди, неговите родители не можат да го тргнат погледот од него и се обидуваат да го „запечатат“ секој детаљ во својата меморија. Меѓутоа, видот на детето не е толку добар колку нивниот.
Ромеш Ангунавела, во соработка со Клиниката „Compare“, одлучи да покаже како изгледа светот низ очите на детето во текот на првата година од неговиот живот, создавајќи ја оваа гиф-анимација.
Во текот на првите денови од животот бебињата гледаат само заматена црно-бела слика. Секој месец нивниот вид сè повеќе и повеќе се подобрува, а по три месеци почнуваат да ги препознаваат лицата на своите родители. За нив, светот станува сè поживописен и појасен. Нивниот вид е целосно формиран до нивната втора година – периодот кога децата почнуваат да го истражуваат светот околу себе.