Производите на „Светот на Биби“ преку кои децата се дружат со омилените ликови од анимираната серија, ќе бидат достапни на „Ramstore Garage Sale“ од 12 до 18 август!

Производите имаат за цел да ја поттикнат креативноста и желбата за учење и читање кај децата. Биби, Боби, Даро, Зази, Зина, Филимена и останатите се тука за преку игра да го поттикнат детскиот развој.

– На нашиот штанд покрај добро познатите куклички, маички, сликовници, книги и игри, ќе бидат достапни и производите за едукација и подготовка за училишните денови пред нас, како и многу други изненадувања! Децата обожаваат да учат заедно со Биби и Боби. Едукативните анимирани видеа, заедно со производите даваат одлични резултати во изучувањето на македонскиот јазик, природните науки како и во развојот на креативноста и љубопитноста кај децата. Производите ги создава истиот тим кој работи на развојот на анимираните содржини. На овој начин сме сигурни дека децата секогаш го добиваат најдоброто. Затоа Ве покануваме на дружба во Рамстор од 12 до 18 август, велат од „Светот на Биби“.

Производите од „Светот на Биби“ се достапни и на 9 локации низ Македонија – Во Скопје (ГТЦ – Центар, Т.Ц. Лептокарија и Аеродром), Куманово, Штип, Струмица, Кавадарци, Битола и Тетово, како и преку онлајн продавницата – svetotnabibi.mk. Производите од „Светот на Биби“ се одличен начин да го разиграте секое патување, но и дружбата во домашни услови, а подеднакво ги сакаат децата и родителите.



912

X