По повод Интернационалниот ден на детската книга, книготека „Икона“ организира настан „Дружење со Биби“, кој ќе трае до 17 часот. Дружењето со Биби опфаќа низа активности, почнувајќи од изложување, презентирање и продажба на производите од „Светот на Биби“ до читање сегменти од „Биби, Боби и куќичката од чоколадо“ на нашите најмали посетители.

„Дружењето со Биби“ има цел да ја развие детската имагинација олицетворена во ликот на Биби. Ликот на Биби е автентичен лик на детска возраст кој се соочува и ги одгатнува „чудесата на светот“. Тоа им помага на децата да соберат искуства и насоки за толкување на опкружувањето и нивната позиција во општеството и светот. Покрај тоа, приказните раскажани преку доживувањата на ликот Биби промовираат вредности како пријателство, солидарност, алтруизам и почит, што е значителна основа за градење на вредносно ориентирани возрасни луѓе во иднина. Книготеката „Икона“ има цел да ги доближи производите на „Биби“ до најмалите читатели и да ја презентира нивната смисла и значење.

Инспирирани од Биби и детската мечта, тимот на „Икона“ одлучи овој Интернационален ден на детската книга да го посвети на градење мост помеѓу ликот на Биби и малечките суштества како надеж за наша заедничка посветла иднина.

 

 

 



912

X