Биби, Боби и нивната дружина се враќаат на МТВ1 од овој понеделник. Анимираната серија ќе може да ја гледате секој работен ден во 19 часот. Во овој термин 20 минути ќе уживаме во авантурите на омилените ликови на децата. Ќе бидат вклучени едукативни видеа, забава, песнички и поучни сказни.

Важноста од ваков тип програми за најмладите е огромна. Децата што растат со „Светот на Биби“ учат многу дружејќи се со анимираните херои. Тие учат правилен македонски говор, математика, учат за природата и планетите, учат за односот кон другарчињата и убавото однесување… Вредностите што ги создаваме во оваа рана возраст остануваат со нас во текот на целиот живот. Биби им е другарка на децата и сојузник на родителите во процесот на едукација и воспитување.

Од тимот на „Светот на Биби“ ве покануваат на дружба со омилените анимирани ликови уште денеска во 19 часот на Македонската телевизија.



912

X