Од оваа сабота, 27 март, производите од „Светот на Биби“ ќе бидат достапни и во најновата продавница во Тетово. Продавницата се наоѓа на ул. „Димо Гавровски Кара“ бр.54.

Тетово ќе биде седма локација со катче од „Светот на Биби“.

– Нашата цел е да дојдеме поблиску до сите деца во Македонија. Производите со омилените ликови на децата се веќе достапни во Скопје (ГТЦ, Т.Ц. Лептокарија и Аеродром), Кавадарци, Битола и во Струмица, а преку електронската продавница svetotnabibi.mk и низ целата држава – велат од „Светот на Биби“.

Во продавниците се достапни сите играчки, игри и едукативни материјали. Таму ќе ги најдете сликовниците, „Приказните на мама Ана“, куклите, боенките, друштвените игри, пижамите и маичките и многу други производи кои ги обожаваат и децата и родителите.
Најновиот и моментално најпопуларен производ е „Букварот на Биби“. Со него на лесен и забавен начин децата учат да читаат и да пишуваат, ќе рецитираат, пеат, ќе се смеат…

Посетете го катчето кое е најблиску до вас и уживајте во магијата на „Светот на Биби“.



912

X