„Светот на Биби“ ја доби наградата „Стори“ за најдобар едукативен проект за деца. Признанието за проектот на компанијата „Еф-Три“, која стои зад порталите Факултети.мк и Деца.мк, беше врачено синоќа на свеченото доделување на наградите што ги организира „Колор медиа плус“ во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Наградата ја прими Марјан Алексовски, директор на „Еф-Три“.

Листа на сите наградени со „Стори“:

Едукативен проект за деца: „Светот на Биби“
Интернационален успех: „Медена земја“
Најдобра актерка: Јелена Јованова
Најдобар актер: Васил Зафирчев
Врвни актерски достигнувања: Сабина Ајрула
Култни достигнувања во македонската култура: Горан Стефановски
Хумани и општествено-одговорни јавни личности: ДНК
Хумани и општествено-одговорни јавни личности: Кристина Арнаудова, проект „Среќа“
Најпопуларна инфлуенсерка: Лила Стојановска
Општествено-одговорни компании: „Пелистерка“, „Халкбанка“, „Витаминка“ и „Септима“
Врвни достигнувања во медицината – „Аџибадем Систина“ целосна трансплантација на срце – Александар Николиќ
Најдобра емисија: „Ексклузив“
Најдобро ток-шоу: „Еден на еден“
ТВ-лице: Сергеј Варошлија
Хуманитарен проект: Вип на еден ден
ТВ-проект со најголем општествен придонес: „На иста страна“
ТВ-камбек: Анета Кочишки
Траен белег во печатените медиуми: Јадранка Костова, „Фокус“
Истражувачки ТВ-серијал: Снежана Лупевска, „Код“
Телевизиски достигнувања: 1ТВ
Најдобра спортска екипа: „Вардар“
Врвни спортски достигнувања: Горан Пандев
Најдобра спортска екипа: Параолимпијците
Најдобар бенд: „Дупер“
Најдобра рок-изведувачка: Дани Димитровска
Најдобар видеоспот: Тамара Тодевска
Најдобар албум: Влатко Лозаноски
Врвни музички достигнувања: Пере Нокаут
Траен белег во македонската музика: Влатко Стефановски
Општествено влијателна личност: Бојан Јовановски
Личност на годината: Киро Стојов



912

X