Вчеравечер, на јубилејното, 25. издание на „Златна бубамара на популарноста“, „Светот на Биби“ ја доби наградата „Најпопуларна анимирана серија“.

На сцената излезе Биби, им се заблагодари на сите и вети дека „Светот на Биби“ ќе продолжи со сонување, инспирирање креативност и фантазија кај најмладите, предизвикување контролирана палавост, почитување на семејните вредности, почит кон убавиот пишан збор, промоција на здравата исхрана, ментална слобода, љубов кон природата, каратето и фудбалот.



912

X