Регистрирајте се на edukacija.svetotnabibi.mk за да ја гледате најслатката детска новогодишна емисија. На платформата во 19 часот ќе можете да го гледате најновиот и најдолгиот цртан со ликовите од „Светот на Биби“. Биби, Боби, Дино, малата вештерка, докторот Штрк, Зајко и другите ве чекаат заедно да ја прославите Новата година.

Во оваа емисија еднакво ќе уживаат и децата и родителите. Таа е полна со музика, хумор, забавни содржини и прекрасни илустрации. Оваа 25-минутна магија ќе ни помогне да избегаме од 2020 година и да влеземе во „Светот на Биби“, децата и жителите од волшебната шума.

Се гледаме на edukacija.svetotnabibi.mk во 19 часот. Јееј!



912

X