Воспитување

Светот е твој, сè што ќе правиш прави со љубов. Животни лекции што тетка му ги напиша на внукот пред да се роди

Драг мој,
Честитки! Ја надмина најголемата пречка во животот: да бидеш создаден. Сè уште не се знаеме, но јас дознав дека ти еден ден ќе започнеш да постоиш. Ти ветувам, ќе се запознаеме подобро и јас ќе бидам секогаш тука за тебе – безусловно.
Најпрво би сакалa да знаеш дека доаѓаш на овој свет со најголемиот благослов којшто бог може да ти го подари: неверојатни родители и љубов која постојано ќе те опкружува.
Би сакалa со тебе да споделам неколку животни лекции за кои верувам дека ќе ти бидат од голема корист.

Светот е твој и направи го онаков ти како што сакаш

Светот е одлично место. Ќе се соочиш со многу нови искуства, луѓе и места кои ќе те оформат како личност.

Убавината е во тоа што ти можеш да ги оформиш и твојот живот и светот околу тебе онака ти како што сакаш. Се е возможно на овој свет!

Љубов

Иако се уште не си роден, сите луѓе околу тебе веќе те сакаат. Кога еден ден ќе пораснеш и ќе ја сфатиш целта на љубовта, треба да знаеш дека треба да сакаш за да бидеш сакан. Сакај го твоето семејство и сакај се себеси. Сè што ќе правиш, без разлика дали станува збор за големо или мало, прави го со љубов.
Научи да ги сакаш новите искуства: танцувај на дождот, играј го твојот омилен спорт и учи.

Соништа

Сонувај многу и сонувај често. Ако можеш, сонувај со очи широко отворени. Токму тука се крие тајната на животот. Секогаш верувај во своите соништа.

Образование

Бори се за најдоброто. Заработи го. Образованието ќе ти ги отвори сите можности во светот. Ќе ти овозможи да создаваш неверојатни нешта, да влијаеш врз луѓето и да оформиш една генерација.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top