Секој што е родител во 2020 година знае колку беше тешка. Родителите се анксиозни и исцрпени. Многумина се справуваат со траума од губењето пријатели и сакани, губење работа и безбедни места каде што децата ќе бидат едуцирани. Оваа година беше ужасна за сите. Но, мајките и татковците пронајдоа мали радости кои ги прославуваат – а тие светли точки е важно да се запомнат за да ни помогнат да се воздигнеме од моменталната криза.

„Хафингтон пост перентс“ прво ги праша читателите за светлите моменти во април кога настапија неделите со изолација. Потоа, читателите повторно беа прашани за понатамошниот дел од годината. Еве кои се светлите точки од 2020 година.

За родителите на 9-годишно дете со леукемија, пандемијата е благослов во сенка

На синот на Синтија му бил дијагностициран рак кон крајот на 2019 година. Таа и сопругот морале да работат од дома и да земат отсуство за да се грижат за синот 24 часа. Се грижеле дека ќе ги изгубат работните места. Нејзиниот син почнал со учење од дома, но имал тешкотии бидејќи му недостигале соучениците и наставничката.

– Потоа се појави пандемијата и бевме принудени да работиме од дома, а целото образование премина онлајн, што за нас беше добро. Можевме да поминуваме повеќе време заедно и да му помогнеме на нашиот син да се бори со болеста – напишала Синтија. Пандемијата го нормализира и носењето маски, а на нејзиниот син тоа му било препорачано и претходно по поставувањето на дијагнозата.

– Откако се појави пандемијата и сите носеа маски, тој некако се чувствуваше нормално. Овој луд период беше благослов во сенка за нашето семејство – додала Синтија.

Децата научија практични долгорочни вештини

– Моите деца научија да готват едноставни јадења – вели Тамара. Нејзините три деца (15, 12 и 11 години) – се грижеле за себе додека Тамара била зафатена речиси цел ден со предавања. Нејзината работа ѝ налага различно време за оброци од нивното. „Станаа активни и ми помагаа во планирањето на оброците, нарачката на намирници и научија да готват“, вели таа.

…и родителите научија кои се всушност нивните деца.

– Оваа пауза ни помогна да ги согледаме проблемите со бесот кај мојот син, кои произлегуваа од длабоки нивоа на анксиозност – вели Хедер, која додала дека откако поминала неколку недели одблиску гледајќи го својот син, подобро ја разбрала неговата состојба. „Можевме да започнеме со третман, дури и преку Зум. Повторно го пронајдовме нашето среќно малечко момче“, рекла таа.


Родителите ги вратија малите моменти на поврзаност во текот на денот

– Мојот сопруг трошеше 1,5 час од денот во патување. Кога почна да работи од дома, тоа за нас беше одлична промена зашто можеше повеќе да се поврзе со нашето 9-годишно дете и ја сум благодарна за тоа – вели Сара. Многу родители споделуваат слични приказни, опишувајќи како работата од дома им овозможила да поминуваат повеќе време со децата и повторно да се поврзат.

Мишел, пак, споделила дека можела да направи појадок и да го јаде ручекот со своето 13- годишно дете. „Да се биде тинејџерка е доволно тешко, па јас ја имав можноста да се поврзам со мојата ќерка преку разговор“, рекла таа.

Семејствата го намалија брзањето што е вообичаено за празниците

„Ова е првата година во која сум можела да забавам и да се препуштам на Божиќ“, вели Мекензи, која најчесто работела за време на празниците и брзала да постигне сѐ, додека истовремено била тренер на спортските тимови на нејзините деца.
„Моите деца завршија со вирутелните часови минатата недела“, објаснила таа. Годинава има помалку активности и повеќе време за поминување заедно. Дури и семејното куче ги користи придобивките и добива многу љубов и прегратки – вели Мекензи.

Автор: Кетрин Пирсон

Извор



912

X