Една мајка на социјалната мрежа „Редит“ го сподели нејзиното непријатно искуство со нејзината свекрва откако без прашање ѝ ги дупнала ушите на нејзината 8-месечна ќерка.

Како што објаснува мајката, нејзината свекрва изразила желба да помине повеќе време со внуката, на што мајката без размислување се согласила.

– Се договоривме да ја земе порано од градинка. Не беше првпат, па не мислев дека ќе има некаков проблем. Но, кога отидов да ја земам од кај свекрва ми, видов дека таа ѝ ги дупнала ушите без моја дозвола, а многу добро знае дека сум против тоа. Се налутив, а и сопругот беше на моја страна, па ѝ забрани да ја зема нашата ќерка од градинка – вели мајката.

Многумина веднаш почнаа да ги бранат родителите.

– Направи добро. И јас не сум за дупнување на ушите на мали деца, особено кога се прави без прашање – пишува еден интернет-корисник.

– Не ми се верува дека намерно ѝ ги дупна ушите, иако знаела дека си против – пишува друг.

Извор



912

X