Воспитување

Свекрва ја најавила бременоста на снаата на социјалните мрежи

Бабите имаат две задачи: да ги сакаат своите внуци и да ги разгалуваат; и да ги почитуваат сите граници што ги поставуваат родителите на детето. За жал, многу луѓе не се свесни за овие две златни правила.

„Значи, мојата свекрва денеска го повика мојот сопруг и беше сосема расположена за драма“, напишала една жена во својата објава на „Редит“. „На крајот од разговорот ја фрла бомбата со тоа што објави на социјалните мрежи дека ќе стане баба!“

Нејзиниот сопруг наводно бил „многу вознемирен“ и ѝ рекол на мајка си веднаш да ја отстрани објавата. „Таа, се разбира, велеше – па, добро тоа е и моја среќна вест, но ја симна објавата откако веќе беше поставена којзнае колку долго“, продолжила да објаснува таа. „Бремена сум само 11 недели и со сопругот не планиравме да објавиме барем уште еден месец поради претходно доживеан спонтан абортус“.

Таа побарала совет како да се справи со ситуацијата, со оглед на тоа што е толку многу вознемирена што дури и не знае од каде да почне. Ова се неколку совети што ги добила во таа насока:

„Ставете ја на информативна диета“

Додека неколку луѓе истакнале дека штетата е веќе направена, сепак добила неколку важни совети за тоа како да се однесува во ситуацијата со свекрвата. „Не можете многу да направите бидејќи таа веќе ја објавила информацијата на социјалните мрежи“, коментирала една личност. „Но, барем ја симнала објавата.“

Голем број луѓе предлагаат да ѝ се даваат само ограничени информации во иднина на свекрвата.

„Ставете ја на информативна диета“, вели друг корисник. „Ѝ ги кажуваш само вестите што би сакала да им ги кажеш и на непознати луѓе“, стои во коментарите.

Автор: Клер Хаик

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top