Секој родител знае дека со децата не е лесно. Не е лесно да се натераат да направат нешто за свое добро или да го одржуваат редот дома.

Понекогаш е потребно постојано принудување на децата да направат нешто низ домот. Ова ѝ е добро познато на една мајка од Велика Британија која го сподели нејзиното искуство на фејсбук-групата „Мам џанки“.

Како што вели таа, уморна од тоа постојано да им кажува на децата што треба да направат низ домот, почнала да користи урнебесен трик: секојпат кога ќе види на подот чорапи, покрај нив лепи слика на која јасно се гледаат нејзините емоции: главно лута или разочарана.

Истата фотографија ја става и покрај амбалажата од чоколадо што нејзините деца не ја фрлиле во ѓубрето. За својот трик доби еден куп коментари и лајкови.

„Одлична идеја, и јас ќе го направам ова“, „Ова ќе го искористам за постарите деца кои ништо не фаќаат низ дома“ – беа дел од коментарите на „Фејсбук“.

Извор



912

X