Игротека

Супер идеи како да се забавувате со децата дома

Ако планирате викендов да останете со децата дома, еве неколку интересни идеи како квалитетно и забавно да го поминете времето.
Еве неколку интересни предлози за убав и забавен викенд со децата:

1. Организирајте пикник во дневната соба

Ако вашето дете е навикнато оброците да ги јаде на исто место, направете го викендот поинтересен и заедно уживајте во појадок или вечера на подот од дневната соба. Ќе биде интересно, можеби ќе ви се приклучат и кадифените другарчиња!

2. Заедно направете домашен миризлив пластелин во боја

Направете едноставен домашен пластелин од само неколку состојки! За оваа сензорна игра да добие и мирисна нота, додајте неколку капки етерично масло од лаванда, а за тактилна сензорна игра во тестото замесете суви зачински тревки или зрна ориз.

Состојки:
* 2 мали шолји брашно
* 1 мала шолја сол
* 2 лажички прашок за печиво
* 1 мала шолја жешка вода
* боја за колачи

Подготовка:
1.Измешајте ги сувите состојки, па додајте го маслото и добро промешајте. Пополека додавајте ја жешката вода во која претходно сте ја додале прехранбената боја и месете додека да добиете еластична и мазна смеса.
2. Добивте основно домашно тесто за моделирање кое може да се користи неколку недели ако по секое играње го затворите во пластична кутија или кеса за храна и го ставите во фрижидер до следното играње.
3. Со пластелинот можете да формирате разни животни – жирафи, мечиња или зајчиња, но и многу други форми.

3. Направете слика од дрво со вистински лисја

Заедно со детето соберете лисја од дворот или од паркот. Разговарајте за тоа колку секој паднат лист е единствен и прекрасен. Потоа дома заедно нацртајте дрво и гранки, а детето нека ги залепи лисјата на сликата. Ќе добиете уникатен спомен на оваа есен!

4. Изградете тврдина

Подгответе ќебиња, чаршафи и перници и дозволете му на детето да изгради тврдина според неговата замисла! На децата многу им се интересни ваквите „тврдини“, без оглед на возраста, а со малку труд и креативност, детската соба или дел од дневната можат да станат голем забавен шатор барем на еден ден!

5. Направете луѓе од балони

Ова е едноставна, но генијална идеја за забава на бебиња или помали деца! Нацртајте среќно лице на едната и несреќно на другата страна од балонот и вашето дете ќе „зајде“ од смеење кога ќе го свртите балонот на другата страна.

6. Организирајте лов на играчки

Едноставно, скријте неколку играчки во куќата/станот и дајте му на детето неколку насоки за да може да ги најде. Дополнително, ветете му специјална награда по успешниот „лов“!

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top