Воспитување

Строгото родителство може да му наштети на менталното здравје на децата

Строгите родители би можеле да предизвикаат големи проблеми врз менталното здравје на нивните деца, посочува една студија. Истражувачки тим од Флорида открил дека родителите, првенствено од добри намери, им го скратувале на децата потребното време за играње и самостојно учество во различни активности.

Во голема анализа која опфатила дури 80 студии, научниците откриле дека на децата им е оставено помалку време за самостојна игра за разлика од 70-тите години, што одговара на наглото зголемување на депресијата и анксиозноста кај помалите деца во тој период.

Немањето независна игра ги лишува децата од можноста да градат карактер со кој ќе може да се справуваат со стресот во животот, велат истражувачите.

Д-р Дејвид Бјорклунд, психолог од Универзитетот „Флорида Атлантик“, кој го предводел истражувањето, вели:

– Родителите денес се претерано подложни на пораки за опасностите што можат да ги снајдат децата. Но, всушност, слободата е токму она што им треба на децата за да пораснат во добро приспособени и успешни личности, способни да се грижат за себе. Исто така, како што растат децата, има сè повеќе можности за самостојни активности кои родителите што го следат строгото родителство често ги скратуваат, што, меѓу другото, влијае и врз нивното ментално здравје. Мора да научат дека можат ефективно да се справуваат со реалниот свет – додал тој.

Во метаанализата објавена во списанието „Журнал за педијатрија“, истражувачите откриле дека децата сега се воспитуваат со помалку време наменето за игра. Како што објасниле тие, САД се соочуваат со експлозија на проблеми со менталното здравје меѓу младите луѓе, при што стапките на анксиозност и депресија достигнуваат највисоко ниво на сите времиња.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top