Одамна знаеме дека стрептококната болка во грлото е нешто што мора да се лекува со антибиотици и дека стрептококата од групата А понекогаш е тешко да се искорени.

Паниката што се шири низ Велика Британија и Ирска се чини оправдана. Девет деца во Велика Британија починаа поради инфекција со стрептокока од групата А, која во основа е бактериска болка во грлото, а постојат сомнежи дека и смртта на уште едно дете во Ирска била предизвикана од истата бактерија.

Експертите се обидуваат да разберат како настанала оваа бројка и како нешто што со години нормално се лекувало со антибиотици станало причина за смрт кај децата. Факт е дека во сите фатални случаи имало сериозни компликации од ова воспаление. Што се случува?

Што е стрептокока А?

Стрептококата од групата А е цела низа на доста чести бактерии. Покрај тоа, многумина од нас ги имаат во грлото и на нашата кожа, но тоа не води до болест. Но, стрептококата А може да предизвика низа инфекции, некои поблаги, некои посериозни. Тоа се главно инфекции на кожата, меките ткива и на респираторниот тракт. Стрептококите од групата А можат да предизвикаат воспаление на крајниците (тонзилитис), воспаление на фаринксот (фарингитис), шарлах, импетиго и целулитис (бактериска инфекција на кожата и поткожното ткиво).

Стрептококата станува особено опасна кога станува инвазивна. Ова може да се случи ако лицето кое е заразено со бактерија стрептокока од групата А има отворени рани преку кои бактеријата навлегува во ткивото или оштетување на респираторниот тракт по вирусно заболување, а може да биде опасно кога некое лице има здравствени проблеми поради кои имунитетот е намален.

Овие инфекции се ретки и ретко резултираат со смрт. Но, оваа година тој број е некако зголемен во Велика Британија, особено кај децата под 10-годишна возраст и предизвика дури девет, а можеби и 10 смртни случаи на деца.

Што се случува?

Експертите не се осмелуваат да дадат одговор. Дали причината е тоа што годинава навистина има голем број вирусни инфекции на дишните патишта, а и оние што се повторуваат, со што се отвора патот за стрептококите, допрва ќе дознаеме. Факт е дека се дружиме многу повеќе отколку во последните две години и дека во тие две години бевме многу помалку изложени на вируси и бактерии, а се чини дека тоа сега ни наплаќа преку послаб имунитет. Сепак, официјалното мислење не е познато. Но, засега се знае дека не се работи за нов или непознат сој.

Експертите во Велика Британија посочуваат дека случаите на инфекција со инвазивна стрептокока од групата А се во пораст од 2016 година, со забележителна пауза во последните две години. Но, бројките изгледаат прилично загрижувачки. Кај децата до 10-годишна возраст во периодот од 2017 до 2019 година имало во просек по 0,5 случаи на 100.000 деца. Годинава таа бројка е 2,3 досега, што звучи многу повеќе. Кај возрасната група од 5 до 9 години таа бројка во истиот период претходно беше 0,3, а годинава е 1,1.

На почетокот на инфекцијата тешко е да се види дали детето е навистина толку лошо што мора да се сомневате во нешто сериозно. Симптомите на инфекција со стрептококи од групата А се:

Воспалено грло
Треска
Температура
Болка во мускулите

Иако прагот на толеранција за паника ни е значително зголемен во последно време поради разни вируси и иако сè уште немаме причина за паника поради овие инфекции, можеби треба да му веруваме на родителскиот инстинкт и да го однесеме детето на лекар во некои ситуации, како на пример:

Ако му е лошо на детето,
Ако не јаде или јаде помалку од вообичаено,
Ако пелената на детето е сува повеќе од 12 часа или покажува знаци на дехидрација,
Ако има температура од 38 степени (дете под 3 месеци) или 39 (дете над 3 месеци),
Ако на детето му е потопло од вообичаено кога ќе му ги допрете градите или грбот и ако се поти,
Ако детето е многу уморно или раздразливо.

Исто така, постојат ситуации во кои е неопходно веднаш да побарате итна помош:

Ако детето тешко дише, а може да забележите и вовлекување на стомакот во пределот под ребрата,
Ако детето паузира помеѓу вдишувањата,
Ако кожата, јазикот или усните на детето се сини,
Ако не можете да го разбудите детето или не може да остане будно

Како да се спречи инфекција?

Инфекцијата со стрептокока од групата А се пренесува со близок контакт со заразено лице, преку капки кои се шират со кашлање или отежнато дишење.

Она што можете да го направите, освен да избегнувате заразени лица, е миење на рацете и хигиена на респираторниот тракт. Веќе го научивме ова со оглед на тоа што ни беше повторувано милион пати за време на ковид-пандемијата, но тоа е истото што може да спречи инфекција со стрептокока од групата А.

Исто така, важно е да се нагласи дека болестите предизвикани од инвазивна стрептокока од групата А треба да се третираат со антибиотици. И покрај тоа што не ги сакаме секојпат, иако ги добиваме понекогаш и кога не треба, многу е важно овие инфекции да се третираат со антибиотици. Во Велика Британија, на пример, најчесто се работи за шарлах.

Се разбира, паниката не е добра ако е прекумерна. Сепак, сосема е оправдано да се каже дека тука е неопходно да се биде буден. Она што е важно да се нагласи е: водете се од родителскиот инстинкт. Ако видите дека детето е навистина болно, веднаш однесете го на лекар.

Извор



912

X