Дијастазата е честа состојба кај бремените жени и кај жените по породувањето. Се јавува кога стомачните мускули се одвоени во текот на бременоста од истегнување. На тој начин, стомакот може да е испакнат или да излегува со месеци или години по породувањето. Токму тоа е причината поради која најголемиот број родилки се консултираат со своите лекари.
Според „Хелтлајн“, за време на бременоста стомачните мускули и сврзното ткиво се растегнуваат од матката, која се шири како што расте бебето. Исто така, притисокот за време на породувањето може да доведе до дијастаза.
Други знаци се:
- Болки во долниот дел на грбот;
- Лошо држење на телото;
- Запек;
- Надуеност.
Понекогаш може да се јави болка во карлицата, која може да ја спречи жената да ги извршува секојдневните работи, дури и наједноставните.
912