Целијакија е хронично дигестивно нарушување кое се јавува кај децата што не можат правилно да го сварат глутенот, поточно протеинот кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и другите житарки. Иако точната причина за оваа болест не е со сигурност позната, педијатрите сметаат дека е наследна.

Постојат одредени симптоми кои може да укажуваат на целијакија кај детето, а родителите често ги игнорираат или мислат дека причината за нив е некоја побанална состојба. Тоа ги подразбира следните знаци:

-стомачни болки
-надуеност
-дијареја
-ненадејно губење на апетитот
-губење на телесната тежина
-проблеми со растот.

Покрај овие симптоми, педијатрите предупредуваат дека децата со целијачна болест често може да се чувствуваат уморни и раздразливи. Некои добиваат и исип на кожата или рани на устата. Проблемот понекогаш се меша со други дигестивни проблеми, како што се воспалителна болест на цревата (IBD) или нетолеранција на лактоза.

Исто така, во некои случаи детето нема да има никакви симптоми, а потоа одеднаш ќе почне да има проблеми во период на зголемен стрес или нагло слабеење на имунитетот.

Извор



912

X