Поради пандемијата на коронавирусот, милиони деца ја започнаа или ќе ја започнат учебната година виртуелно. Учењето од далечина е тешко за сите, но одредени ученици се мачат уште повеќе поради недостиг на уреди или пристап до интернет, со што се оневозможува следењето на онлајн-наставата. Некои семејства не можат да си го дозволат тоа, а и немаат доволно простор каде што децата ќе можат соодветно да се вклучат во процесот. За среќа, постојат и неверојатни и дарежливи луѓе кои се обидуваат да помогнат колку што можат – таков е и Мич Кауч, столар која го поминува слободното време правејќи клупи за децата во неговата заедница.
Тој споделил фотографија од неговиот проект, а објавата брзо станала вирална.
– Направив 35 клупи за ученици во моето соседство кои се дома поради онлајн-наставата – напишал на објавата.
Ова е приказната: На 3 септември споделил фотографија на „Инстаграм“ од клупа што ја правел за своите деца, откривајќи дека не само што било лесно за работа, туку и не било скапо.
„Добро утро роднини и пријатели. Знам дека многу од вашите дечиња се дома и следат онлајн-настава. Нашите две деца го зафаќаат просторот на кујнската маса и тоа е навистина проблем кога треба да се постават оброците. Па им направив клупи. Убавото е во тоа што тие можат да ги складираат своите предмети во клупата кога ќе завршат и да ги преклопат за да зафаќаат помалку простор. Ако сакате и вие да се обидете да направите вакво нешто, можете да ја посетите мојата веб-страница. Клупата чини околу 35 долари. Имајте убав ден – додава Мич.
I made 35 desks for students in my area who are home due to distance learning. from r/pics
Набрзо го контактирале сопственици на локални бизниси прашувајќи го дали може да направи клупи и за нив за да ги донираат во локални училишта. „Побараа 25 клупи за почеток, но потребата беше поголема па изработив 35! Мојата прекрасна сопруга ми помогна низ целиот процес, а дури и ме изненади со 4 клупи што самата ги направила додека бев на работа. Сопствениците не сакаа големо внимание од јавноста, но јас морам да им кажам на сите да знаат колку значат локалните бизниси за заедница како нашата“, заклучил тој.
Мич нуди и инструкции на својата веб-страница доколку некој е заинтересиран сам да направи ваква клупа.
Автор: Леа Грот