Заборавете на сè што претходно сте прочитале на интернет и сте го научиле напамет кога ќе дојде моментот да донесете некоја важна одлука или брзо да реагирате за вашето дете. Родителството не е испит на факултет за да го полагате со репродуцирање реченици. Тоа е чиста љубов, инстинкт, допир, прегратка и внатрешна сила за која веројатно не сте ни знаеле дека ја носите во себе.
Што и да велат другите, во повеќето ситуации ќе реагирате токму онака како што ќе ви каже вашето родителско чувство. Сепак, постојат неколку работи што никогаш не треба да си ги дозволите:
1. Да се правдате зошто бебето спие со вас в кревет
На бебето му е местото до мајката, тоа е запишано во нашите гени. Бебето поминало девет месеци во утробата и сурово е да се очекува веднаш да се одвои од мајката. Во заедниците каде што бебињата се секогаш со мајките, забележан е најмал број на психички заболувања.
2. Да му се спротивставувате на нагонот да го гушнете детето кога плаче
Кога мајката го слуша своето дете како плаче, таа има незапирлива потреба да го земе в прегратка и да му обезбеди сигурност. Слушајте го тој инстинкт – тука нема ништо погрешно.
3. Меѓу диплењето алишта и играњето со коцки да ги изберете алиштата
„Мамо, ајде да играме!“ – ова е реченицата што има приоритет. Садовите, алиштата и раскревањето можат да почекаат. Создавајте спомени со децата сега додека имате шанса, бидејќи утре можеби ќе биде предоцна.
4. Да ви биде срам да му кажете на странец да не го допира вашето дете
Иако луѓето на улица или во продавница имаат добри намери кога сакаат да го погалат или бакнат детето по рачето, вие имате целосно право со шармантна насмевка да ги замолите да не го прават тоа бидејќи детето постојано ги става рацете в уста.
5. Да ви биде непријатно да кажете: „Моето дете не јаде благo“
Ако сте решиле на малото дете да не му давате индустриски слатки, треба да бидете горди на тоа. Не дозволувајте да ви биде непријатно пред другите мајки, баби или продавачки. Насмевнете се и кажете дека за вашето дете, бананата е најслаткиот десерт.
6. Да ве гризе совест кога ќе го оставите детето на чување
На секоја мајка ѝ треба време за себе – да прошета, да испие кафе со пријателка или да отиде на шопинг. Ако немате време да здивнете, станувате нервозни и напнати, а на вашите деца не им треба таква мајка. Затоа, одморете се без грижа на совест.
7. Да се срамите да го доите детето во јавност
Срам треба да чувствуваат оние што во доењето гледаат нешто непристојно. За мајката, тоа е едноставно храна и утеха за нејзиното дете.
Сосема е нормално секоја мајка понекогаш да се сомнева во себе. Но, сè е всушност многу едноставно – сакајте ги вашите деца, постојано кажувајте им го тоа, бидете им добар пример и нема да мора да се грижите за нивната иднина.