Кога децата совладуваат големи емоции, тешко е да се знае како да се реагира. Една мајка ја споделила својата мудрост со сите.

Наградуваната едукаторка и претприемач Чавана Б. Лемберс го опишала своето искуство со својата шестгодишна ќерка која, според нејзините зборови, станала непристојна.

– Ми рече дека мозокот ѝ вели да биде непристојна. Ѝ реков дека тоа им се случува на многу луѓе. Кога не сме среќни, понекогаш емоциите ги истураме на другите, дури и кога не го заслужуваат тоа – ѝ појаснила на ќерката во разговорот.

На девојчето му олеснило бидејќи било разбрано.

– Ја научив да вели дека не се чувствува најдобро и дека ѝ треба една минута пауза секојпат кога ќе посака кон некого да испрати отровна стреличка – додала таа.

Емоционалната зрелост не е нешто со кое се раѓаме, потребно е време и искуство за да развиеме вештини за соочување со тешки ситуации, а оваа мајка покажала како тоа да го тренирате и со децата од претшколска доба.

Извор



912

X