33-годишниот Евгениј Анисимов од Русија не можел ни да помисли да го остави своето дете во сиропиталиште, како што му сугерирала неговата сопруга. Неговиот син Миша е роден со Даунов синдром, а неговата мајка не можела да се справи со овој факт, па го напуштила. Затоа, Евгениј одлучил да се грижи сам за Миша.

Овој млад татко решил да ја сподели својата приказна со светот со цел да им покаже на сите колку се прекрасни децата со оваа дијагноза, но и да ги мотивира другите родители никогаш да не се предаваат, туку да соберат храброст и да се соочат со предизвици, особено кога станува збор за нивните деца.

Децата со Даунов синдром имаат прекрасна, ведра и оптимистична личност, поради што се нарекуваат и деца на сонцето. Доколку растат во здраво и среќно семејство, тие ги имаат сите шанси за нормален живот. Евгениј смета дека едукацијата е исклучително важна затоа што незнаењето доведува до страв и предрасуди, но исто така и до драстичните потези на неговата сега веќе поранешна сопруга.

– Моментот на среќа по неговото раѓање траеше точно 1 минута и 39 секунди, кога докторот ни рече: „Се плашам дека вашето бебе има Даунов синдром“. Не знаев што да правам, но мислев дека мојата задача е да ги исклучам емоциите и да ја поддржам сопругата бидејќи верував дека ќе ѝ биде тешко – вели Евгениј и додава дека потврдата за дијагнозата ја чекале неколку дена.

Колку и да се трудел да биде силен, емоциите го преплавиле. Излегол од болница и заплакал.

– Не плачев долго време, но подоцна се срамев од тие солзи. Во мојот живот, впрочем, не се промени ништо. Сè се случи како што планиравме, ми се роди син – вели гордиот татко.

Истата вечер тој седнал на компјутер и почнал да истражува сè за дијагнозата што ја имал неговиот син.

– Не знаев ништо за оваа дијагноза. Се потсетив само на ужасните фотографии од советскиот учебник по биологија. Отидов на интернет и истражував. Дознав за Евелина Блендас и нејзиниот Сејмон, кој е роден во истата болница како и Миша. Дознав дека во Европа луѓето со Даунов синдром се добро социјализирани и дека можат да живеат и да работат самостојно – вели Евгениј.

Ова откритие не го променило расположението на неговата сопруга. Таа почувствувала дека не е подготвена за ваков вид одговорност и одлучила да го остави детето. Од друга страна, Евгениј замислувал дека ќе му го посвети својот живот на неговиот син.

 

View this post on Instagram

 

Доброго времени суток! Итак, очередной поход к дежурному терапевту обнаружил вес: 5,6 кг при росте 62 см. Довершаем очередной из назначенных массажей и готовимся к новым знакомствам с местными дружественными клубами @moya_krovinushka и neiro34.ru. Отдельное спасибо всем молочным мамам Волгограда! Спасибо http://milkmama.info и http://www.rodimlegko.ru за саму идею грудного вскармливания!! Вообще, друзья, очень Вам благодарны! Ваши слова, дела, подсказки и сюрпризы очень ценны! Только вместе! Только вперед!

A post shared by Евгений Анисимов (@evgen_tyz) on

– Во ниеден момент не помислив да го оставам во сиропиталиште, тоа би било навистина нехумано. Со сопругата набрзо се разделивме. Така почна мојот нов живот. Станав самохран родител на дете на сонцето – вели Евгениј.

Тој вели дека се обидел да ја убеди сопругата да се премисли, но таа не сакала. Тогаш нешто пукнало во него. Тогаш Евгениј одлучил да биде силен.

– Кога станува збор за мојот син, бев подготвен на конфликт. Се обидував да ја убедам дека заедно ќе го пребродиме ова и ќе ги надминеме пречките. Тој конфликт доведе до нашиот крај. Сега сфаќам дека таа всушност беше исплашена – вели Евгениј и додава дека не се смета себеси за херој, како што го нарекуваат некои луѓе.

– За мене е сосема нормално и природно да останам до синот, на кој и тоа како сум му потребен. Го воспитувам Миша најдобро што знам и умеам – заклучува Евгениј, кој сака да ги инспирира сите луѓе што се во иста ситуација како него да бидат храбри.

Извор



912

X