По три неуспешни обиди за медицински помогнато оплодување и еден спонтан абортус, Трејси Калиендо не се откажала од желбата да стане мајка. Кога по четвртиот обид во ноември 2016 година дознала дека успеала да остане бремена, одлучила да направи сѐ што може за повторно да не доживее разочарување. Со сопругот Пит Песетски ангажирала сурогат-мајка на која ѝ биле имплантирани два ембриони.
– Одлучивме да бидат два ембриони за барем една од нас да успее да роди дете. Ми рече дека не сака близнаци, а јас ѝ одговорив да не се грижи бидејќи шансите тоа да се случи се еднакви на нула – изјавила Калиендо за списанието „Пипл“. Но, се излажала.
Калиендо за само пет месеци подоцна, на денот на терминот, на свет донела две бебиња.
„Не можевме да веруваме“, истакнала таа.
Калиендо успеала да ја истурка бременоста докрај, па во август 2017 година го родила девојчето Харлоу, а близнаците Пајпер и Присли ги родила сурогат-мајката во јануари 2018 година. Со три бебиња родени со разлика од неколку месеци, не ни можела да сонува што ја чека. Била пресреќна бидејќи конечно има големо семејство за кое отсекогаш сонувала, а набрзо дознала дека е повторно бремена.
„Не се ни обидувавме, а успеав да останам бремена по природен пат“, открила таа. Бременоста била високоризична бидејќи страдала од „placenta accrete“. Нејзината плацента сраснала со матката абнормално, па морала да ангажира тим од експерти кој ѝ вршел надзор.
„На секои две недели одев на прегледи од моментот кога дознав дека сум бремена, а како што се приближуваше терминот за породување, одев почесто. Не смеев да го напуштам Њујорк“, додава таа.
На 21 септември 2018 година, во 29. недела го родив синот Калиендо. Иако првите денови од животот ги помина на одделот за интензивна нега, денес е среќно и здраво момче. Калиендо од минатиот брак го има 12-годишниот син Хантер, па сега живеат како 7-члено семејство.
„Стануваме во 6 часот, играме до 7, појадуваме во 9, ручаме напладне, се одмараме во 12, а вечерата е во 17 часот. Буквално живееме според часовник. Без разлика колку е тешко, секогаш се сеќаваме колку ни требаше за да дојдеме до ова“, заклучила гордата мајка.
Автор: Хана Фланаган