Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Син ми има 5,5 години и оди во градинка. Отсекогаш бил поживо детенце, но во последно време, последните три месеци, премногу е нервозен. Ако му кажеш нешто, вреска, нѐ мава, не одбира што ќе рече, им враќа на други луѓе, а знае да му се развика и на другарче. Со еден збор, крајно нервозно дете. Ве молам за совет.

ОДГОВОР: Иако вашето излагање е кратко, сепак можам да видам дека се соочувате со едно предизвикувачко однесување на вашето дете. Имате впечаток дека детето е нервозно, споделувате дека лошо реагира кога ќе му кажете нешто, вика, ве удира, кажува лоши зборови, се расправа и им враќа на други луѓе или врсници.


Најчесто непожелното однесување кај дете од оваа возраст е аларм за детектирање на некоја незадоволена потреба или барање авторитет. Поради тоа, најдобро би било директно да се обратите кај психолог или психотерапевт со цел да се направи детален психолошки увид во поведението и да ви се дадат соодветни насоки.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X