Воспитување

„Срцето е тупаница“ – роман за детската проникливост и чистата љубов

Алине и Оливер се двајцата протагонисти во оваа прекрасна другарска, но и љубовна приказна за млади. Книга која изобилува со едноставни и јасни пораки, но и едукативен процес низ кој поминува секој тинејџер барајќи си ги афинитетите и интересите. Срцето е тупаница само кога навистина чука вистински, во ритам на љубовта и грижата еден за друг. Проектната активност која ги обединува двете деца, всушност, е многу повеќе од час по биологија, таа е час по откривање на кревкиот свет на првата симпатија и љубов…

Ингрид Уведие Волден е млада норвешка авторка, родена во Осло. Таа е една од најдобрите и најважни гласови во современата норвешка литература за деца и млади. Нејзините романи се преведени на неколку јазици, меѓу кои шведски, руски, бугарски, дански и германски. Дипломирала политички науки, а неколку години е музички колумнист и критичар во повеќе весници.

Оваа книга е дел од едицијата „Магични приказни“ поддржана од проектот „Креативна Европа“, од Програмата за култура на Европската Унија.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top