Во свет исполнет со негативни работи, насилство и страдање, позитивниот став може да го направи животот малку полесен. Иако е невозможно да се контролираат животните случувања, можете да ги контролирате вашите реакции на она што се случува. Ваквиот став ви овозможува да развиете сила за да се соочите со животните предизвици.

Кога децата ќе развијат позитивен став рано во животот, позитивното размислување станува навика што може да ги олесни притисоците поврзани со растењето.

Чекор 1

Научете ги вашите деца да ги контролираат своите внатрешни монолози. Ова се изјави што тие постојано ги повторуваат во себе: „Лош сум во математика. Никогаш нема да го поминам одделението“. Помогнете им да ги заменат овие негативни изјави кажувајќи или во себе или гласно: „Можеби имам тежок период во сфаќањето на математиката, но ќе продолжам да се обидувам и ќе побарам помош од другите, на пример моите наставници, родители и другите ученици“.

Чекор 2

Потсетете ги вашите деца дека позитивното или негативното случување во нивниот живот е нивни избор. Научете ги вашите деца користејќи примери како: „Лутењето е како пиење отров, а да очекувате да пати другата личност“.

Чекор 3

Обидете се да создадете позитивно опкружување во вашиот дом гледајќи смешни филмови, шегувајќи се. Објаснете им на вашите деца дека само кога се смеат, можат да се чувствуваат подобро.

Чекор 4

Овозможете му на детето наклонетост во форма на љубезни зборови, прегратка и бакнеж.

Чекор 5

Помогнете им на децата да развијат хоби во кое ќе бидат добри за да изградат самодоверба. На пример, можете да го охрабрите вашето дете ако има прекрасен глас да почне да посетува часови по пеење за својот глас да го школува и со тоа да го донесе на подобро ниво.

Чекор 6

Поттикнете ги вашите деца да пишуваат дневник, за по некое време да ги видат своите подеми и падови. Сето она поради што биле среќни и сето она што ги повредило. Сигурно негде ќе запишат што научиле од тоа што им се случило.

Кога вашето дете ќе доживее разочарување, замолете го да размисли за лекциите што може да ги научи од искуството за да избегне повторување на грешките во иднина. Пофалете го за покажување храброст и препознавање на лекциите.



912

X