Според истражување објавено во канадскиот весник за медицинска асоцијација, производите за чистење се поврзани со проблемот со дебелината во детството.
Средствата за дезинфекција и чистење може да придонесат за зголемување на телесната тежина кај децата преку промена на цревната бактерија кај новороденчињата, покажало истражувањето.
Истражувачите од Канада откриле дека фекалните примероци кај бебињата стари 3 и 4 месеци што биле неделно изложувани на антибактериските средства за чистење имале повисоко ниво на цревна бактерија наречена Lachnospiraceae, која ја елиминира дополнителната енергија од храната. Овие бебиња имаат голема шанса да имаат повисок индекс на телесна маса и да имаат прекумерна тежина.
Анита Козирски, истражувач и професор по педијатрија на Универзитетот од Алберта во Канада, изјави за „Хелт деј“:

– Резултатите покажаа дека децата чии родители користеле „еколошки“ производи за чистење во своите домови имаат помали шанси за добивање прекумерна тежина до 3 години.
Истражувачите собирале фекални примероци од 757 бебиња, на возраст од 3 до 4 месеци, и информации од нивните мајки за средствата за чистење во нивниот дом. Потоа ја следеле телесната тежина кај бебињата до 3-годишна возраст.
Претставниците на производителите од индустријата за чистење велат дека биле разочарани од сензационалните тврдења.
Ричард Седлак, извршен потпретседател за технички и меѓународни работи во Американскиот институт за чистење, изјави дека истражувачите ги игнорирале другите можни причини за вишокот тежина на децата.
– Врз основа на нашиот научен и технички преглед, претпоставките направени од истражувачите не се доволно издржани – изјави Седлак.

– Имаше значителни ограничувања во истражувањето – објавија уредниците на „Џурнал“ заедно со истражувањата што ги игнорираа дополнителните интервенции во животот на децата помеѓу 3 месеци и 3 години и не одговараа со времето на воведување храна кај децата.

 



912

X