Професионалната сурферка Бетани Хамилтон, чија животна приказна е инспирација за филмот „Соул сурфер“, ја изгубила раката при стравичен напад од морско куче. Тогаш имала само 13 години. Хамилтон и нејзиниот сопруг Адам Диркс сега се родители на 3 момчиња: петгодишниот Тобијас, тригодишниот Весли и Мика, кој е роден на 14 февруари.

Нема сомневање дека многубројните секојдневни ситуации се многу поголем предизвик за лице со ваков инвалидитет, но Бетани во една од своите последни објави на „Инстаграм“ одлучила да проговори за еден поинаков предизвик – мајчинството:

фотоизвор: Бетани Хамилтон/Инстаграм

„Малку за мајчинството со една рака. Го одгледувам нашиот трет син, па триковите и приспособувањата стануваат подобри со секое дете. Кога се толку млади, имаат потреба од постојано внимание, грижа, негување, менување на пелените, галење по стомачето, многу сон и се разбира насмевки, бакнежи и друго. Ги користам моите стапала за менувањето пелени, многу перници кога дојам, носач за бебе низ секој дел од денот и интересни стилови за држење на главата на бебето. Некогаш може да биде фрустрирачко, па само продолжувам напред, правам мали паузи и се трудам да сум позитивна. Дополнително се потсетувам дека и порано сум поминала низ истото. И како семејство правиме сето тоа да функционира. Го сакам нашиот малечок Мика и се радувам на животот со него! Навивам за сите вас мајки што се борите, сакате и давате сè од себе“, напишала Бетани.

Автор: Бетани Хамилтон

Извор



912

X