Спонтаниот абортус е многу тешка загуба за жената. Ако сте имале спонтан абортус, веројатно сте поминале низ состојби од почетен шок, до чувства на тага и вина за нешто што мислите дека не сте го направиле или требало да го направите.

Примариус доктор Мирко Мачкиќ, специјалист по гинекологија и акушерство, од ГАК „Народни фронт“, Белград, за „Јумама“ открива сѐ за спонтаниот абортус.

– Спонтаниот абортус е патолошки процес кој резултира со ненамерно исфрлање на ембрионот/фетусот од матката до 20-тата недела од бременоста. Често се јавува кај повеќе од 20 проценти од бременостите. Околу 80 проценти од спонтаните абортуси се случуваат до 12-тата недела од бременоста, а потоа со возраста на бременоста тој процент се намалува – изјавил д-р Мачкиќ.

Според него, пациентите што веќе имале еден спонтан абортус имаат 20 отсто шанси да имаат уште еден, а оние што имале два последователни спонтани абортуси имаат 33 отсто шанси да имаат трет. Сепак, важно е да се напомене дека тие не се повторуваат, но, како што се зголемува возраста на пациентот, така се зголемува и стапката на спонтани абортуси.

Најчести причини за спонтан абортус:

-возраст,

-претходни спонтани абортуси;

-пушење

-дијабетес;

-инфекции;

-тромбофилија;

-алкохолизам и употреба на наркотични дроги;

-аномалии на матката, аномалии на плацентата итн.

Спонтаните абортуси се делат на загрозени, иницирани, нецелосни и септички абортуси. Најчести симптоми се вагинално крвавење и карлична болка.

– Потребен е преглед на гинеколог за да се утврди возраста на бременоста, за каков тип спонтан абортус се работи, дали има очигледна причина за абортусот и да се препише соодветна терапија и можен третман-интервенција. Постојат различни третмани во зависност од фазата на бременоста. Важно е да се истакне дека Rh D имуноглобулин-RhoGAM се препишува за Rh-негативни пациенти – објаснува д-р Мачкиќ за „Јумама“.

На крајот истакнал дека стручната и навремена дијагноза, како и соодветната психолошка поддршка за пациентките, резултираат со добра прогноза и за сегашната и за идната бременост.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор



912

X