Откако Криси Тајген и Џон Леџенд го изгубија своето бебе, луѓето во цел свет почнаа да разговараат за спонтаните абортуси и губењето на своите деца. Иако оваа ситуација е всушност многу честа и им се случува на голем број парови, изгледа дека за тоа многу малку се зборува, па луѓето не знаат како треба да се однесуваат. Ваквите вести е многу тешко да им се соопштат на колегите, па важно е паровите што изгубиле бебе да почувствуваат поддршка од другата страна.
Сосема е разбирливо да не знаете како да се однесувате и што да му кажете на лице кои доживеало таков губиток во својот живот. Затоа го издвојуваме она што е најдобро да го избегнете и да не го кажувате во кој било случај.
1. Колку и да се религиозни, не велете дека тоа е Божји план
Психолозите истакнуваат дека во тие моменти најпрво можете да ја налутите личноста која е во жалост, бидејќи може да ве разбере на погрешен начин. Најдобро е едноставно да кажете дека ви е искрено жал, да бидете тука за колегата и да му пружите поддршка.
2. Избегнувајте „Барем…“ коментари
Барем знаеш дека можеш да забремениш, барем имаш едно здраво дете, имаш одлична кариера, секако се двоумеше… Ваквите коментари треба да се избегнуваат. Со ваквите зборови, сакале или не, ја намалувате важноста на болката што ја чувствува таа личност. Избегнувајте го и она – им се случува на сите, тоа е за поголемо добро, времето ќе излечи. И ваквите коментари може да звучат како намалување на она што личноста го доживеала.
3. Ниту преголемото нагласување на болката не е од помош
Не е од помош да се слуша од колега: „Би умрела ако ми се случи нешто такво“. Знаете што, се случува и преживувате, колку и да е тешко. Наместо споредување со некои свои искуства и со тоа како вие би постапиле, едноставно кажете: Дали сакаш да споделиш со мене што чувствуваш?
4. Немојте ниту да премолчите.
Многу пати, поради незнаење и страв, колегите едноставно ја премолчуваат целата ситуација. Тоа често се случува бидејќи не сте сигурни што треба да кажете во ваква ситуација. Сепак, избегнувајте го ова. Кажете барем дека ви е многу жал за тоа што се случило. Покажувањето поддршка секако не е едновремена акција. Доколку сте блиски со колегата или колешката што доживеала губиток, одвреме-навреме прашувајте ја како се чувствува и дали сте ѝ потребни.
5. Доколку сте шеф, тогаш морате да бидете конкретни.
Сослушајте го вработениот, прашајте го што му е потребно и предложете конкретна помош. Секогаш третирајте го спонтаниот абортус како реален губиток на личност во животот, како сосема еднакво страдање.