На детството најмногу се сеќаваме преку старите фотографии. И додека на родителите од другите генерации тоа им било потешко поради скапите филмови и изработката на фотографиите, дигиталните фотографии и мобилни телефони овозможија производство на фотографии без трошење пари. Ова се неколку предлог-спомени што децата треба да ги имаат:

1. Како плива во базен, река, море

Ако одите на море, имате базен во дворот или се капете во река, потрудете се да направите интересни фотографии додека детето ужива во вода.

2. Како јаде голем сладолед

Богатите сладоледни купови украсени со различни додатоци се одлична можност за магична фотографија од слаткото дете.

3. Како оди босо

За време на летните денови децата често се боси. Фотографирајте ги.

4. Како трча во цветни ливади или бере цвеќиња

Ливадите се преполни со цвеќиња, без разлика дали се работи за градски парк или место во природа. Безброј можности за идеална фотографија.

5. Спие во шатор на камп или во дворот

Иако спиењето во шатор најчесто го применуваат децата во САД, за време на летните ноќи, сепак тоа може да го направите и вие. Ако летувате во автокамп, тогаш таква фотографија нема да биде никаков проблем.

6. Како трча додека го прскаат прскалки или се опушта во фонтана

Во текот на горештините вакви сцени се речиси секојдневни по градските паркови и плоштади. Оставете го детето да се освежи и фотографирајте го.

7. Како прави меурчиња

Ова за децата е посебна забава, а вие можете да го овековечите тој момент.

8. Како подготвува нешто вкусно во кујната

Дали се работи за лимонада или некаков сок или шејк од јагоди или од портокали, таа негова активност направете ја спомен.

9. Како вози ролерки или велосипед

Децата многу ги сакаат овие активности во текот на летото и секогаш ќе бидат благодарни ако имаат фотографии за да се потсетат на тие забавни денови.

10. Додека јадат лубеница

Исто така, може да ги фотографирате додека слатко јадат лубеница.

11. Како прават кули од песок

Ова е главна мисла на сите родители додека летуваат некаде на море. Но и кога не сте на летување, можете да изградите кула од песок во градскиот парк и да го овековечите тој момент.

12. Како собира овошје од дрво

Берба на цреши, јагоди, јаболка… Сето тоа е идеална можност за одлични фотографии.



912

X