Драг Дедо Мраз,
Јас сум едно 10-месечно бебе и ти пишувам затоа што мојата мајка составуваше некаква листа со желби за моите подароци и им ја испраќаше на некои луѓе. Сакам да ти кажам дека таа нејзина листа никако и на никој начин не ги отсликува моите желби. Само ми недостига уште едно кадифено мече. Знам дека веќе си „наострен“ за тоа да правиш шеги како бебињата и така само сакаат кутии и тоалетна хартија со кои може да си играат. Во ред е, Дедо Мраз. Се разбира дека го сакаме тоа. Но, имаме и многу други желби, многу други работи кои би сакале да ги добиеме. Мојата листа е во продолжение. Ти посакувам пријатни празници.
Детален список со моите желби:
Најдраг Дедо Мраз, за Новата година, го сакам следното:
Овој полнач за лаптоп
Го сакам овој полнач повеќе од кога и да е. Те молам. Исто така, го сакам и она портокалово копче што свети кога се пали и гаси и оние бели лепенки што стојат на сите полначи. Во суштина би бил благодарен ако ми донесеш еден куп различни полначи, но навистина ги сакам баш сите оние што мама ги има под масата веднаш покрај клима-уредот (и далечинското од климата го сакам).
Ѕиден центар за забава
Навистина не разбирам зошто мама ми брани да си играм со тоа. Па очигледно е дека е детска играчка!

Клучеви од дома
Баш би сакал еден сет клучеви. Да ги џвакам, се разбира. Само метални клучеви доаѓаат предвид. Те молам не купувај ми пластични, не сум растен на дрво. Знам дека тоа не се вистински клучеви.
Очила
Ги вадам буквално од секоја личност што ги носи. И моментално ми ги одземаат и си ги враќаат на лицето. Затоа би сакал да имам еден пар мои. Исто така, за џвакање.
Содржината на ова
Многу би сакал оваа содржина да се испразни на подот (корпа од тоалетот). Особено работи како користени памукчиња и конци за заби. Кога би ја зел содржината од ова, би ја ставил во моето пакетче и тоа би било сосема доволно. Кофа не мора.
Дупка во паркетот
Каква необична егзистенцијална дилема. Многу часови сум поминал гледајќи во оваа дупка и туркајќи ги прстите во неа. Знам дека не можам да добијам дупка бидејќи тоа не е некој предмет кој можеш да го добиеш, но јас ја сакам оваа дупка.

Онаа работа што понекогаш е низ целиот стан
Немам поим што е тоа. Знам само дека штом ќе ја земам в раце и ќе ја донесам до устата, мајка ми доаѓа во паника и вика: Престани да го допираш тоа, колку пати неделно морам да поминувам со правосмукалка во овој стан!

Храна за кучиња
Секојпат кога ќе се приближам кон ова, некој ме одвлекува. Па, ако не сакаат да го ставам в уста, зошто е на подот?
Едно од овие
Поим немам што е, но сигурно е многу забавно бидејќи мојата мајка гледа во него цел ден.
Автор: Ракел Д’апис