Новиот список на лектири за деветгодишно основно образование ќе почне да се реализира од учебната 2026/2027 година. Овој список е дополнет со нови наслови од домашни и странски автори, со цел следење на современите стандарди, збогатување на вокабуларот и развивање навики за читање кај учениците.
Во продолжение е преглед на задолжителните и изборните лектири за настава на македонски јазик, од второ до деветто одделение.
II одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)
Задолжителни:
- „Зоки Поки“ – Оливера Николова
- „Грдото пајче“ – Х. К. Андерсен
- „Сказни“ – Браќата Грим
Изборни:
- „Тајни незнајни“ – Киро Донев
- „Нела Смела и бушавата бура“ – Билјана С. Црвенковска
- „Потрага по храброст“ – Билјана Стојановска
- „Бакнежи на небото“ – Иван Антоновски
- „Касни-порасни“ – Петре М. Андреевски
- „Песни“ – Васил Куновски
- „Брзалки без врзалки“ – Стојан Тарапуза
III одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)
Задолжителни:
- „Басни“ – Езоп
- „Шеќерна приказна“ – Славко Јаневски
- „Орхан“ – Неџати Зекирија
Изборни:
- „Кифличката Мирна“ – Оливера Ќорверзироска
- „Децата од моето училиште“ – Јадранка Клисарова
- „Доктор Офболи“ – Корнеј Чуковски
- „Легенда за Марфи Компирката“ – Овен Колфер
- „Сакам книга“ – Александар Кујунџиски
- „Нешто друго“ – Кетрин Кејв
- „Било и се скрило“ – Киро Донев
- „Леле, ми се скрши срцето“ – Елиф Јемениџи
- „Тино од мојот влез“ – Жарко Кујунџиски
- „Бел“ – Ника Гавровска
- „Насмеани капки“ – Стојан Тарапуза
- „Ова е твое“ – Сане Те Лоу
- „Исидора Мун: Оди на училиште“ – Хариет Мункастер
IV одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)
Задолжителни:
- „Бајки од Македонија“ – Билјана Црвенковска
- „Безборовната Ела“ – Викторија Патрашку
- „Волшебникот од Оз“ – Лиман Франк Баум
Изборни:
- „Сказна за детето Вилен“ – Глигор Поповски
- „Белата мечка, синиот кит и другите“ – Цане Андреевски
- „Од згода до згода, заграб бистра вода“ – Васил Мукаетов
- „Училиштен театар“ – Киро Донев
- „Борко Брзозборко“ – Ксенија Маказлиева Трајчева
- „Бајка за царот Нај“ – Снежана Иљоска Наумовска
- „Овде во близина живее едно девојче“ – Ида Млакар Црнич
- „Големата фабрика за зборови“ – Ањес де Лестрад
- „Итар Пејо“ – Стале Попов
- „Петар Пан“ – Џејмс Метју Бари
- „Природо, љубов моја“ (еколошка читанка) – Александар Кујунџиски
- „Шила“ – Јана Мишо
- „Рокчето“ – Никола Маџиров
- „Капетанот Торнадо“ – Миливој Матошец
- „Сон на тркала“ – Стојан Тарапуза
- „Ѕвездени перничиња“ – Славка Манева
V одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
- „Пајажината на Клементина“ – Елвин Брукс Вајт
- „Пипи Долгиот Чорап“ – Астрид Линдгрен
- „За копчето и за среќата“ – Јасмина Петровиќ
Изборни:
- „Пинокио“ – Карло Колоди
- „Убави зборови“ (избор поезија) – Иван Џепароски
- „Гоце Делчев“ – Ванчо Николески
- „Шах со Бах“ – Владимир Мартиновски
- „Мери Попинс“ – П. Л. Траверс
- „Алиса во земјата на чудата“ – Луис Карол
- „Хотел за кучиња“ – Луиз Данкан
- „Тори и принцот змија“ – К.В. Јохансен
- „Златното јаболко“ – Христо Петрески
- „Самовилското коњче“ – Душко Наневски
- „Епски народни песни“ (избор) – Томе Саздов
- „Дневникот од штрковото гнездо“ – Киро Донев
- „Приказни големи колку дланка“ (избор) – Џанг Ќиушенг
- „Џејмс и џиновската праска“ – Роалд Дал
- „Измислување на светот“ – Јадранка Владова
- „Мишка“ – Едвард ван де Вендел
- „Дворец на опачини“ – Ристо Давчевски
- „Малата голема точка“ – Цане Андреевски
- „Стапка по стапка од Дојран до Попова Шапка“ – Васил Мукаетов
- „Мојата бабичка не знае која сум“ – Ива Безиновиќ-Хејдон
- „Насмевката на Мона Глувчева“ – Џеронимо Стилтон
- „Авантурите на вујко Лео низ романските степи“ – Џанетс Леви
VI одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
- „Големи и мали“ – Бошко Смаќоски
- „Робинзон Крусо“ – Даниел Дефо
- „Матилда“ – Роалд Дал
Изборни:
- „Бескрајна приказна“ – Михаил Енде
- „Хајди“ – Јохана Шпири
- „Мојот пријател А“ – Јадранка Владова
- „Втората смена“ – Велко Неделковски
- „Белото Циганче“ – Видое Подгорец
- „Уличето со обетки од цреши“ – Михо Атанасовски
- „Бамбино“ – Ника Гавровска
- „Куферко – светскиот патник од Македонија“ – Симона Ристевска
- „Двојната Лота“ – Ерих Кестнер
- „Децата од Павловата улица“ – Ференц Молнар
- „Сештологија“ – Ванчо Полазаревски
- „Кралот на Златната река“ – Џон Раскин
- „Божиќна песна во проза“ – Чарлс Дикенс
- „Црни и жолти“ – Славко Јаневски
- „Приказни за добра ноќ“ – Киро Донев
- „Народни приказни на балканските народи“ (избор) – Томе Саздов
- „Земјата на заборавените сказни“ – Билјана Црвенковска
- „Тешко е да не ме сакаш“ – Јасминка Петровиќ
- „Аги и Ема“ – Игор Коларов
- „Децата во мобилниот телефон“ – Џоу Син
- „Шерлок Холмс за деца“ – Артур Конан Дојл
- „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ – Катерина Трајановска
- „Девојчето со форичката“ – Ева Камчевска
- „Островот со скриеното богатство“ – Роберт Луис Стивенсон
VII одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
- „Силјан Штркот“ – Марко Цепенков
- „Приказна за Доктор Дулитл“ – Хју Лофтинг
- „Без зборови“ – Џенифер Мук Сенг
- „Авантурите на Том Соер“ – Марк Твен
Изборни:
- „Збунети години“ – Велко Неделковски
- „Тоње Глимердал“ – Марија Пар
- „Перуновата стрела“ – Нина Атанасова Шкрњариќ
- „Раскази“ – Александар Поповски
- „20.000 милји под морето“ – Жил Верн
- „Најубави митови од антиката“ – Густав Шваб
- „Игбал, мојата тајна“ – Јагода Михајловска-Георгиева
- „Аз, буки“ – Видое Подгорец
- „Светлина зад ридот“ – Трајче Крстески
- „Од цвет до цвет“ (избор) – Адем Гајтани
- „Книга за џунглата“ – Радјард Киплинг
- „Раскази“ (избор) – Раде Силјан
- „Мојот звук“ – Оливера Николова
- „Ноќните птици“ – Тормод Хуген
- „Лисичја месечина“ – Маша Огризек
- „Операција чист воздух“ (прва книга) – Џеронимо Стилтон
- „Пат околу светот за 80 дена“ – Жил Верн
VIII одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
- „Споменка“ – Горјан Петревски
- „Поезија“ (избор) – Раде Силјан
- „Мио, мој Мио“ – Астрид Линдгрен
- „Емил и детективите“ – Ерих Кестнер
Изборни:
- „Бегалка“ – Васил Иљоски
- „Девојките на Марко“ – Оливера Николова
- „Бојан“ – Глигор Поповски
- „Цар Салтан“ – Ефтим Клетников
- „Девојчето од Шестата Месечина“ – Муни Вичер
- „Хаклбери Фин“ – Марк Твен
- „Калеш Анѓа“ – Стале Попов
- „Шармери од осмо“ – Велко Неделковски
- „Добар ден тато“ – Стјепан Томаш
- „Пет деца и тоа“ – Едит Незбит
- „Бадникова вечер“ – Хуан Беиѓиа
- „Забранета соба“ – Александра Симова-Клинчарова
- „Агата Мистери – Загатката на фараонот“ – Сер Стив Стивенсон
- „Гуливеровите патувања“ – Џонатан Свифт
IX одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
- „Застани на небото“ – Ерин Боу
- „Дневникот на Ана Франк“ – Ана Франк
- „Повик на дивината“ – Џек Лондон
- „Малиот принц“ – Антоан де Егзипери
Изборни:
- „Детството на Конески“ – Мишо Китаноски
- „Белиот кловн“ – Дамир Милош
- „Книга за сѐ“ – Хус Каијер
- „Ванда“ – Силвија Шесто
- „Чорбаџи Теодос“ – Васил Иљоски
- „Бели мугри“ – Кочо Рацин
- „Хари Потер и Каменот на мудроста“ – Џ. К. Роулинг
- „Исти очи“ – Горјан Петревски
- „Чудна случка во ноќта“ – Марк Хадон
- „Момчето во пижами на риги“ – Џон Бојн
- „Ен од зелената фарма“ – Луси Мод Монтгомери
- „Братучед ми доаѓа“ – Ќин Венѓун
- „Ти носам пустински песок“ – Винка Саздова
- „Александра“ – Томе Арсовски
- „Автобиографија“ – Григор Прличев
- „Јас сум Акико“ – Стефан Тиќми
- „Се викам храброст“ (50 приказни за македонски хероини) – приредувач Надица Фирфова
- „Старецот и морето“ – Ернест Хемингвеј