Совети

5 совети за мирен сон на бебето во текот на жешките летни ноќи

Сонот е исто толку важен за правилниот раст и развој на бебето колку и исхраната. Сепак, покрај вообичаените маки (грчеви, запчиња, гасови), условите во просторијата имаат огромно влијание врз квалитетот на сонот. Исто како што на возрасните им е тешко да заспијат на високи температури, така и бебињата се исклучително чувствителни на летните горештини.

Еве 5 практични совети за обезбедување мирен и квалитетен сон за вашето бебе во текот на летото:

1. Одржувајте оптимална температура во собата

Еден од најважните услови за добар сон е температурата во детската соба. Експертите препорачуваат таа да биде околу 20 °C, што значи дека во текот на летото ќе треба редовно да ја разладувате просторијата.

2. Изберете лесна и природна облека

За вечерниот сон, препорачлива е тенка облека од природни материјали (памук) кои се пријатни на допир. Ваквите материјали ѝ овозможуваат на кожата да дише и го намалуваат потењето.

3. Покривање без непотребни додатоци

Доколку температурата во собата е соодветна, бебето може да го покриете со лесна памучна покривка или фротир. Капите и чорапите не се потребни во текот на летото, без разлика колку е мало бебето.

4. Проветрувајте во вистинско време

Свежиот воздух е клучен за пријатна атмосфера. Прозорците отворајте ги доцна навечер или рано наутро кога надворешната температура ќе падне. Задолжително користете мрежи за прозорци за да не влезат комарци и други инсекти.

5. Бањање пред спиење и доволно течности

Планирајте го бањањето непосредно пред легнување, тоа ќе го освежи бебето и ќе му помогне полесно да заспие. Исто така, внимавајте на внесот на течности во текот на денот, бидејќи добрата хидратацијата игра голема улога во квалитетот на сонот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top