Белите лаги се дел од растењето. Колку пати ви кажале дека јадењето моркови ќе ви помогне да гледате во темница?

Џесика Д’Ентремонт, мајка од Масачусетс, се нашла во ситуација во која сите родители можат да се пронајдат: време е за спиење, но децата не сакаат да заспијат. За да ги смири своите деца, таа дошла до генијална идеја поврзана со нивните пижами.

Како вашите пижами да светат навечер? Според Д’Ентремонт, мора да лежат мирно под светлина за да ги „наполнат“.

Во нејзиниот фејсбук-пост таа напиша:

Барате начин да ги смирите вашите деца? Купете им пижами што светат во темнина. Кажете им дека мора да лежат мирно под светлината за да ги „наполнат“. Воопшто не ми е жал.

За да продолжам со трикот без да ме откријат, почнав да ги ставам нивните пижами во фиоките кога се облекуваат наутро. Поради неизложеноста на дневна светлина, пижамите едвај светат во темнина, а вчера тие се обидоа да ме тестираат да не лажам, но мораа пак да легнат.

На фотографијата на мајката можете да ги видите двете девојчиња, тригодишната Ханелор и четиригодишната Ема, како зјапаат во таванот обидувајќи се да не мрднат воопшто за да постигнат максимум полнење на пижамите.

Во интервју за американските медиуми, Д’Ентермонт го објаснува процесот зад креативното решение.

– Децата скокаа и трчаа наоколу, се бркаа со змејови што ги направија од лего-коцки. И двете мои девојчиња имаат нарушувања на сензорното процесирање, а имавме прилично напорен ден. Нашата прошетка ги исфрли од колосек поради метежот, вревата и шопингот. Дома почнаа да полудуваат, така што ги извадив пижамите и им кажав дека ако лежат мирно, ќе ги наполнат за да светат во темнината – рече таа.



912

X