Колку и да е убаво, патувањето со деца знае да се претвори во вистински кошмар. Но, како и за секое патување, така и за летниот одмор потребно е добро планирање. Ова се неколку совети што ќе ви помогнат да уживате во следниот одмор со вашите деца:

Планирајте заедно

Клучот на успешно групно патување е секој од патниците да направи нешто што го смета за посебно. Ова не се разликува и кога групното патување подразбира семејство со деца. Вклучувањето во процесот на подготовка и планирање на одморот ќе им внесе вистинско чувство на припадност и одговорност за целиот одмор да успее.

Обезбедете му на секој доволно место за удобен сон

Сигурно секогаш се трудите да заштедите преку резервации за одмор, но затоа големината на собата значително влијае врз расположението во текот на одморот. Ако во собата нема доволно место за удобен сон на секој член од семејството, тоа ќе значи мачење во текот на одморот. Кога помислувате дека најмалото дете може да спие со вас, сигурни ли сте дека недоволното место нема да ви пречи?

Обрнете внимание сместувањето да е ориентирано кон семеен туризам

Опуштената атмосфера ќе ви го разубави одморот додека константното опоменување на децата нема да ве нервира. Што помалку ги опоменувате да бидат мирни, толку подобро – и за вас и за нив.

Спијте доволно

Нема ништо лошо во тоа да одите порано на спиење кога сте на одмор. Денот полн со активности не е лесен ниту за децата. Обезбедете си доволно одмор за да имате и добро расположение. Обидете се да ја одржите нивната секојдневна рутина. Ако една вечер ја продолжите забавата, наредниот ден продолжете го одморот.

Не програмирајте го секој момент

Со децата никогаш не се знае. Можете да направите совршен план кој не ви дозволува да се опуштите или да се приспособувате на работите што ќе ви излезат на пат. Дајте си време и ќе имате повеќе нерви, а со самото тоа и повесел одмор.

Планирајте го слободното време

Речиси никој не го прави ова, а е важно и за децата и за вас. Пуштете ги децата слободно да играат и да трчаат како што сакаат. Ако сакате цело време да гледате на часовник поради разни испланирани активности, ќе бидете под стрес.

Не носете премногу работи со вас

Дали навистина ви требаат и три куфери дополнително на товарот што ви е во ранецот на грбот? Ќе бидете изморени, ќе имате болки и ќе бидете нерасположени. Патувањето со целото семејство значи и носење повеќе работи, но да не се претерува. Секој треба да има свој ранец и по можност торба. Обидете се паметно да спакувате.

Задолжително понесете крем за сончање и за заштита од инсекти/комарци

На одмор најголем дел од времето се поминува надвор. Не заборавајте на кремот за сончање и средствата за заштита од комарци и други инсекти. Со нив ќе можете да уживате во природа.

Немојте баш секогаш да јадете во ресторан

Се разбира дека убавината на одморот е што не мора постојано да се готви, но и секој оброк изеден во ресторан бара најмалку еден час време и мирно седење. Децата треба да се однесуваат добро на јавно место, но и наметнувањето на тие лекции за време на одморот може да биде напорно и за вас и за нив. Можете некогаш да зготвите нешто лесно, да нарачате пица во соба или да однесете ручек во парк.

Истражете ги локалните паркови

Ова е одлично место за уживање на децата. Таму никој нема да ве брка за да купите сувенир, а децата ќе имаат можност да трчаат, да скокаат, да се качуваат. И дома имате парк, но децата секогаш сакаат нови локации за истражување и забава.

Разговарајте наутро за распоредот на денот

Децата се најдобри кога знаат што може да очекуваат. Затоа, пред да излезете од соба, неколку минути посветете на објаснувањето на планот за тој ден. Кажете по кој редослед што ќе правите. Доволни се само општи делови од замислената програма.

Избегнувајте нереални очекувања

Нема потреба да се оптоварувате со очекувања за тоа на сите да им биде супер, во секој момент. Опуштете се. Нешто сигурно ќе тргне наопаку во одреден момент, но тоа е сосема во ред и е дел од секојдневието. Доволно е што сте заедно и откривате нови работи.

Планирајте ден-два дека времето ќе биде лошо

Бидете подготвени за изненадувачки метеоролошки промени, како дожд, ветер и слично.

Немојте и дисциплината да ја испратите на одмор

Не сте лош родител ако инсистирате на добро однесување дури и кога сте на одмор. Потребно е децата да ги знаат границите и надвор од домот, уште од самиот почеток. Ако на детето му дозволите повеќе слобода од првиот ден, може непријатно да ве изненади со лошо однесување во текот на целиот одмор.



912

X