Кога ќе одлучите да се разведете, сосема е сигурно дека за оваа одлука сте размислувале многу пати и сте ја донеле во свој и најдобар интерес на вашите деца.

Сепак, важно е да се знае дека дури и кога можеби не се гледа толку јасно, разводот е секогаш голем стрес за децата. Кога станува збор за тинејџерите, полесно е бидејќи тие можат да разберат сè што ќе им кажете за разлика од малите деца. Така, тие знаат дека разводот не е нивна вина. Но, без разлика на сето тоа, и на тинејџерите им е потребна поддршка, време за приспособување и некој на кој ќе можат да се потпрат во текот на тој стресен период.

Иако тинејџерите ретко читаат вакви текстови, ова е порака за нивните родители која треба да им ја пренесат – совети како да се справите со разводот на родителите.

Запомни, разводот не е твоја вина

Ова е навистина тешко да им се објасни на малите деца. На тинејџерите им е малку полесно, што не значи дека не треба да ги уверувате и да се погрижите да разберат дека тоа навистина не е нивна вина. Повторувајте им го тоа секој ден, како мантра.

Не може со зборови да се искаже колку голема разлика прави ако родителите можат да седнат и да разговараат во текот на разводот и заедно да му објаснат на својот тинејџер дека воопшто не е одговорен за нивниот развод. Важно е детето да разбере дека иако родителите имаат проблеми во нивниот однос, ништо не се менува во односот кон детето.

Ти не си врската што треба да ги поврзе родителите

Ако едниот родител бара од своите деца да му пренесуваат пораки на другиот родител затоа што не сакаат да комуницираат меѓу себе, тие ги претвораат своите деца во заложници на разводот. Тинејџерите треба сами да кажат доста и да ги замолат родителите да комуницираат меѓу себе или да најдат друг начин. Детето не треба да биде во ситуација да избира страни или да се чувствува како да е меѓу два огна.

Како што објаснува Мајкл Р., адвокат специјализиран за случаи на развод, ставањето на детето во средина може да предизвика долготрајна психолошка траума. А родителите треба да знаат подобро отколку да ги повредуваат своите деца.

Секое твое чувство сега е сосема разбирливо

Додека трае процесот на разделување, ќе се мешаат и ќе се појават различни чувства кај родителите и децата. И какви и да се тие чувства, тие се важни.

Вообичаени емоции кај децата во овој случај се:

– Чувство на загуба;
– Бес;
– Конфузија;
– Страв;
– Вина;
– Нервоза;

За некои тинејџери чии родители веќе долго време се во лош брак, разводот може да биде дури и олеснување, а ова чувство повторно може да предизвика чувство на вина.

Секое чувство е нормално. Потребно е чувствата да излезат на виделина за тинејџерот да помине низ таа голема промена со што е можно помалку стрес.

Физичката активност помага

Со сите тие преголеми емоции, важно е да имате издувен вентил. А најдобар начин да се ослободите од негативната енергија е физичката активност.

Начини како тинејџерите да се справат со емоциите:

– Бокс;
– Кошарка;
– Трчање;
– Планинарење;
– Прошетка

Во основа, сè што може да ги опушти и да им даде можност да дишат целосно, без чувство на вина и вознемиреност.

Она што треба да го имаат на ум сите родители што поминуваат низ развод е благосостојбата на детето. Секојпат кога ќе го доведете вашето дете во ситуација да избере или да каже лоши работи за другиот родител, вие го правите вашето дете несреќно. А сигурно не го сакате тоа.

Извор



912

X