За Метју Меконахи, татковството е мешавина од дисциплина и „добро, добро, добро“.

Актерот и неговата сопруга Камила Алвес ги имаат ќерката Вида и двата сина Леви и Ливингстон. Откако станал татко во 2008 година, тој е отворен околу неговиот пристап кон воспитување на децата, рамнотежата помеѓу работата и животот, семејните вечери и многу други работи.

За татковството

– Уште кога имав осум години, 100 отсто знаев, јасно, природно, дека сакам да бидам татко. Отсекогаш сум го почитувал тоа како најголемото нешто што човекот може да го направи. Тоа е најголемата привилегија и најголемата одговорност.

Фото: Getty Images

За дисциплината

– Јас сум обожавател на дисциплината, обожавател на одговорноста и обожавател на последиците со кои ги подготвувам децата за периодот кога ќе излезат од домот на 18 години. Бидејќи во реалниот свет можете да го направите истото дело кое не само што ќе биде ваш недостаток, туку поради него можете да завршите в затвор или полошо.

За бракот и родителството

– Најдоброто нешто што веројатно можете да го направите како татко е да се осигурите дека вашите деца гледаат колку ја сакате нивната мајка. Тајната да се биде сопруг? Видете, ќе го кажам ова: никој од нас двајцата не се обидел да го смени другиот. Влеговме во нашата врска бидејќи навистина си се восхитувавме еден на друг. И не се обидуваме да се менуваме. Ако ништо друго, таа ме тера да бидам повеќе свој и се надевам дека истото го правам за неа.

За играњето со децата

– Ако сонцето сјае, треба да бидете надвор, како што мајка ми ни велеше кога бевме деца. Да играме многу ако времето е добро надвор. Мојот син Леви навистина сака да свири на пијано. Мојата ќерка сака да црта и да прави работи. Секој што има деца знае дека може да оди во „Тој ар ас“ и да потроши 100 долари, но понекогаш картонската кутија или купот кал надвор е најдобриот подарок. Тоа ќе трае со месеци и тие ќе играат повторно и повторно.

За петоците навечер дома

– Петоците навечер се вечери без „полициски час“. Тогаш е време за пица, за филм и сите деца може да спијат со мама и тато. Таа вечер може да трае до подоцна. Понекогаш морам да лажам и да им кажам дека е полноќ, а всушност е 22 часот, но морам да го направам тоа – во спротивно ќе останеме до 2 часот наутро.

За образованието на неговите деца

– Се надевам дека ќе добијат општо образование за хуманистички науки. Знам дека училиштето за уметност ми беше важно. Ми беше потребно во текот на првите две години на колеџ затоа што не знаев што сакам да правам и мислам дека повеќето деца не знаат што сакаат да прават. Не треба да го чувствуваат притисокот дека треба да знаат што сакаат кога ќе одат на факултет.

За подигнување индивидуалци

– Го мешаме „добро, добро, добро“ во дисциплината. Главната работа е што мојата сопруга и јас имаме слична морална крајна линија. И како што учите кога имате деца, како што тие созреваат, сфаќате дека сè е до ДНК. Можеме да ги водиме, но тие се она што се. Во моментов јас сум среќен што можам да кажам дека имаме три здрави индивидуалци.

За семејните моменти

– Обично тоа вклучува готвење. Остануваме дома и готвиме многу. А потоа музика. Навистина е убаво кога по гледањето филм правиме вистинска забава за танцување.

За балансирањето

– На почеток Камила рече дека сака да има деца, но ми постави услов: „Одиме онаму каде што ти одиш“. Така што, ако работам, тоа е дел од мојот договор. Доаѓам со семејството. Тие секогаш се со мене на работа.



912

X