Круг на викање.

Речиси и да нема родител кој не го разбира ова. И оној што не се запрашал ЗОШТО моите деца чекаат да викнам, па да послушаат? Па, не сакам да бидам мајка што вика! Кога сакаме децата да направат нешто, а тие не се покоруваат, повеќето родители чувствуваат дека немаат друг избор освен да го повишат својот глас. Можеби звучи како невозможна мисија целосно да се елиминира викањето (бидејќи сите понекогаш викаме), но има работи што можеме да ги направиме за да го прекинеме циклусот.

Еве неколку совети за родителите кои би сакале нивните деца да ги послушаат „од прва“, но не од страв.

Намалете го бројот на инструкции што им ги давате на децата

Ако постојано поправаме и опоменуваме, децата се исклучуваат. Зафатете се со важни задачи и воведувајте нови постепено.

Привлечете му го вниманието на детето пред да му кажете што да направи

Често викаме од другата страна на собата очекувајќи децата да разберат дека она што го бараме од нив е поважно од она што го прават во моментот. Тоа најмногу ќе го разберат децата чиј мотив е стравот. А вие не го сакате тоа. Затоа, пријдете му на детето, привлечете му го вниманието и дајте му јасна инструкција.

Пофалби

Ако сте на почетокот на кршење на циклусот на викање, секогаш забележувајте кога детето првпат се покорува и пофалете го.

Дајте му јасни упатства на детето за да разбере зошто прави нешто

Наместо „Ајде да ги облечеме чевлите“, кажете „Ајде да ги облечеме чевлите за да можеме да се прошетаме“. Исто така, не сакате кога некој ви дава задача, а немате поим зошто го правите тоа.

Останете смирени дури и кога работите не одат како што сакате

Тоа е најтешко. Но, запомнете дека ова го правите за да постигнете добар однос со вашето дете на долг рок.

На почетокот, секогаш кога е можно, следете го извршувањето на задачата

Малите деца лесно го губат фокусот. Тоа не го прават намерно, па смирено вратете ги на задачата.

Логички последици

Ако детето не престане со она што го прави за да ве послуша, тогаш вклучете логична последица. „Изгледа дека имате проблем со цртаните филмови за да ја завршите задачата, па затоа ќе исклучам/паузирам додека не завршите“.

Ако е можно, понудете им на децата избор. „Дали сакате да ги земете играчките веднаш или откако ќе ја изедете вашата ужина?“

Не е реално да се очекува дека со овие совети никогаш повеќе нема да го кренеме гласот, но тие можат да бидат многу голем чекор напред во односот со вашето дете и неговиот однос кон задачите.

Извор



912

X