м-р Теодора Богојевска, логопед

м-р Теодора Богојевска, логопед

Логопедски центар „Флуенто“, Тетово
facebook.com/Centar-za-logopedski-uslugi-Fluento

Повеќе од авторот


Детето да биде вклучено во разговорите со возрасните, секогаш да му се одговара на неговите прашања, постојано да му се зборува при секојдневните активности… за да се стимулира јазично-говорниот развој на детето.

Во продолжение се дадени многу совети со кои може да му помогнете на детето:

– Постојано да му се зборува на детето за време на секојдневните активности и воедно истите да се именуваат (хранење, капење, облекување, прошетка, играње).
– Секој член од семејството (не само мајката) треба активно да биде вклучен во стимулирањето на говорот кај детето.
– Секој чекор, секој план што родителот го има треба да му се вербализира на детето, да му се укаже што се случува околу него и на тој начин детето најдобро да го доживее и да го запознае светот околу него.
– Детето треба да почувствува дека е вклучено во вашите разговори кога е во ваше присуство.

– Научете го и поттикнувајте го само да ги именува зборовите со прашањето „Што е ова?“, доколку не ви одговори, вие кажете го за да го поттикнете да ве имитира. Потоа постепено ќе ја намалувате помошта со кажување само на првиот слог од зборот или првата буква.
– Читајте му илустрирани сликовници со малку текст, а со повеќе слики каде што ќе именувате сè што има на сликата и ќе побарате од него да ги пронајде ликовите или предметите на сликата, а потоа да ги именува со ваша помош.
– Играјте со сложувалки, коцки, пластелин, давајте му да бои, сече, лепи поради задржување на вниманието, концентрацијата, како и подобрување на графомоториката, моториката и правилно држење на моливот/боичката.
– Постепено трудете се да го натерате да ги завршува докрај активностите што ќе ги започне, подолго време да се задржува на една активност додека не ја заврши без да се насочи кон нешто друго.
– За да му го привлечете вниманието, а притоа да влијаете врз неговиот говор, играјте со работи што најмногу ги сака или правите нешто што му причинува задоволство и во тој момент колку што можете повеќе стимулирајте го да зборува и да слуша како вие му зборувате.
– Пејте детски ритмички песнички и стихови.
– Дозволете му самостојно да извршува одредени задачи и активности, за да ја развие самостојноста.
– На детето да му се обраќате со бавен, разбирлив и јасен говор.



912

X