Водичите за преживување за големите семејства секогаш ќе ве доведат во неволја. Секојпат кога некој ќе ги објави своите тајни за тоа како го поминува денот добива бурни реакции. Слична таква реакција доби Маделејн Вест, која е автор на книгата „Шест под осум“, каде што ги напиша своите тајни, а една од нив е дека ги заспива  децата во нивната училишна униформа за во текот на утрешниот ден да може подобро да функционира.

Корисниците на интернет полудеа во врска со тоа. Сепак, Австралијката Констанс Хол го споделила нејзиниот водич за преживување, па ова се нејзините шест главни совети:

Цимери

Ако сте доволни среќни да имате дополнителна соба или можете да ги убедите децата да ја делат собата, тогаш потребен ви е цимер – самохрана мајка, пар, кој било. Ако ја имате привилегијата да немате потреба од парите од кирија, само доведете некој дома на кој му верувате и го сакате. Мојот живот се измени кога почнав да живеам со цимери. Можам самата да одам до продавница, можам да излезам на пијалак кога децата спијат, имам друштво и не го поминувам целиот ден чекајќи да пристигне сопругот дома и да се истурам на него. Семејството е прекрасно. Имав женски роднини што живееја со мене, мојот очув живееше со мене, а сега имам прекрасен Маори пријател кој живее тука. Моите деца учат многу работи за другите луѓе, формираат врски, учат приказни и паузираат. Поголемиот дел од времето на моите деца не им е потребен надзор, имаат свои обврски, но мене ми е потребен некој со кој ќе бидат безбедни и ќе ми помогне да останам разумна кога мојот партнер не е присутен.

Храна

Вечерата не мора да биде толку стресна како што ние ја правиме. Колку пати на ден се прашувате што да зготвите за вечера. Како вечерата да ни го контролира животот. Живееме во таква култура што е ориентирана кон јадењето вечера, закани дека нема да се јаде сладолед ако не се изеде вечерата, не ги оставате децата да ја напуштат масата, ги терате да ја џвакаат храната еден час, а потоа сте сведоци како ја плукаат. И претпоставуваме дека децата или ќе изгладнат до смрт или ќе развијат некоја болест поврзана со лошата исхрана и дека работниците од социјалните служби ќе дојдат и ќе ги земат, па ќе ѝ ги доделат на старателка која има 13 деца и таа на магичен начин ќе ги натера да јадат. Вистината е дека децата нема да изгладнат. Не сум професионалец, но неодамна читав дека родителите што се под стрес секогаш предизвикуваат тензична атмосфера во текот на вечерата. Јадењето треба да биде едно од задоволствата што ги споделувате со децата, а не да создавате спомени што ќе асоцираат на лутина. Ако не ја јадат својата вечера, обидете се со нешто друго и продолжете да се обидувате или едноставно оставете ги да јадат паста и кечап. Децата јадат колку што им треба, освен ако не е некоја болест во прашање. Обично создаваме трауматична вечер без потреба. Ниедно од моите деца не се храни здраво на возраст под седум години, сите јадат добро откако ќе наполнат седум години и сите се совршено здрави. Никакво ноќно врескање нема да го смени тоа.

Пикник-вечери – и надвор и во куќата се одлична идеја. Земете морков, целер, исечете ги на парчиња и одете во парк или на плажа. Евтино е и здраво.

Јадете со раце – садовите се најлошиот дел од вечерата. Во некои култури сите јадат со раце од иста чинија. Често ставам голема количина зеленчук заедно со друга чинија во која има месо. Слично е како со кучињата: дајте му на кучето малку кучешка храна и тоа ќе го тргне носот. Донесете друго куче и тоа ќе потрча за натпреварувачки да јаде. Не помага секогаш, но барем има помалку садови. Некои вечери се состојат само од сендвичи. Децата ги сакаат, а понекогаш се и далеку поздрави од процесираното пилешко месо. Ако децата, на пример, мразат брокула, тогаш оставете ги да јадат јаболко и завршете со тоа.

Облека

Имам кауч на кој стои чистата облека и горда сум на тоа. Како и да е, еднаш споделив видео од каучот и добив одличен совет. Земете од големите обоени кутии во различни бои, обележете ги за децата да знаат која облека во која кутија да ја стават. Секое дете нека има своја кутија. Помалку грижете се за тоа што го облекуваат. Многу бев нервозна кога моето прво дете не сакаше да оди во градинка ако го немаше облечено долгото кадифено фустанче. Потоа го испратив на хемиско чистење и фустанчето „сигурно“ се „изгубило“… Оставете ги да бидат слободни! Мојата втора ќерка носеше очила и наметки во градинка. Многу е чудна, но се надевам дека никогаш нема да ја изгуби магијата што ја поседува.

Бела врева

Некои ја нарекуваат и „игнорирање“. Верувам дека левитирам во спиритуална состојба кога не ги слушам како се расправаат или се жалат. Станав толку добра во блокирањето на звукот од моите деца, што еднаш непознато лице мораше да изоди три метри за да дојде и да ми каже дека мојот син плачел, односно врескал. Се чувствував ужасно, но тоа ниво морав да го достигнам за да останам разумна. Не можам да одговорам на 400 прашања дневно на шест различни деца. Затоа се исклучувам. Некогаш ставам и слушалки и им велам дека мама поминува малку време со себе.

На секого му е потребно време за исклучување

Јас се исклучувам околу 19:10 часот. Сè што им е потребно, а не е итно, останува да го завршат самите. Во тоа време не сум нивна мајка, не сум тука. Не сум нивен роб, туку само статуа на жена која пред еден час го чистела сето она што го направиле и сега пие вино и зборува на телефон со својата сестра. Слични се правилата и за во автомобил. Освен ако не е исповед или нешто навистина важно, во спротивно ги носам слушалките и сум недостапна.

Бањање

Не мора да се бањаат или тушираат секој ден. Можат да го избегнат тој дел од рутината, ако не се постигнува. Некои деца го сакаат тоа, а и некои возрасни, но јас лично не можам да го правам тоа секоја вечер со сите деца. Американската академија за дерматологија тврди дека децата на возраст од 6 до 11 години треба да се бањаат еднаш или два пати неделно, освен ако не се многу валкани, испотени или имаат некоја кожна болест. Знам дека се посимпатични кога се чисти, мирисаат убаво и свежо, но навистина, ако се избегне едно бањање или туширање во неделата, тоа нема да ги убие.

Не заборавајте на малите нешта

Се грижам дека трошиме многу време обидувајќи се да одржиме сè во совршен ред, па забораваме на важните работи. На пример, моментите кога нашето бебе гуга, или 1о-годишното дете сака да ни каже нешто за својата симпатија… Имате избор помеѓу домашни колачиња и чист под или да се опуштите, да се смеете, да пуштите музика и да ги сакате децата. Родителството е 24-часовна работа, без разлика како вие гледате на тоа, дали имате едно или шест деца. Па ако решите да имате големо семејство, треба да прифатите некои работи.

Секогаш има полесна опција и во име на вашиот разум, ве преколнувам да ја најдете. Верувајте дека една прошетка со вашето дете каде што ќе бидете целосно присутни ќе значи повеќе за него отколку да има совршено здиплена облека секој ден.

Извор



912

X