Како што завршуваат летните одмори, родителите се соочуваат со тешка задача повторно да воспостават здрави рутини за спиење за своите деца.

Истражувањата покажуваат дека децата на возраст од четири до 11 години спијат во просек само шест и пол часа навечер за време на распустот, во споредба со седум и пол часа кога се на училиште. Експертот за сон Тони Спенсер открил кога точно родителите треба да почнат да ги подготвуваат своите деца за новата учебна година и како да се погрижат да бидат свежи и одморени.

-Родителите треба да почнат да ги приспособуваат рутините за спиење на нивните деца околу две недели пред почетокот на училиштето. Ова овозможува доволно време за постепени промени без брзање – истакнал Спенсер.

Учебната година започнува на 2 септември, што значи дека родителите треба да почнат да воведуваат смирувачка рутина пред спиење. Ова може да вклучува читање, создавање загатки или тивко играње, по што детето треба да се истушира, да си ги измие забите и да оди во кревет.

Од средината на август, важно е да ги извадите децата на сонце во рок од еден час по будењето. Според Спенсер, раната изложеност на светлина помага да се ресетира внатрешниот часовник на телото и полесно да се приспособи на пораното време на будење за на училиште.

Времето на будење и спиење треба постепено да се менува за 10-15 минути на секои неколку дена. Таквиот нежен пристап му овозможува на телото поприродно да се приспособи на новиот распоред.

Добро е целосно да се намали употребата на екрани во вечерните часови и да се разговара со децата за какви било грижи поврзани со училиштето, за да се спречи таложење на вознемиреност пред почетокот на новата учебна година.

Извор



912

X