Здравје

Совети за безбедност на вашите деца кога се на базен

Пливањето е фантастична форма на вежбање и може да биде една од активностите во текот на одморите. Но, родителите треба да запомнат дека пливањето носи ризици. Следете ги овие совети за да ги заштитите децата од давење во базен.

– Никогаш не оставајте ги децата сами или во близина на базенот. Потребен е надзор од возрасен во секое време и тоа е најдобрата безбедност.

– Кога децата под петгодишна возраст се близу вода, со нив мора да има возрасен човек кој знае да плива и да дава прва помош.

– Секогаш носете опрема за спасување и телефон кога сте покрај базенот.

– Децата над една година може да имаат помал ризик од давење доколку научат одредени правила за пливање.

– Одлуката да го запишете вашето дете на часови по пливање треба да ја направите врз основа на неговата подготвеност. Програмите за пливање никогаш не треба да се сметаат за безбедност од давење.

– Пумпите за прочистување на базените ја вшмукуваат водата, па така пливачот може да заглави под вода. Не користете го базенот ако има оштетени капаци за одводот или ако воопшто ги нема. Прашајте дали базенот е во согласност со правилата за безбедност на базени.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top