Посебна поврзаност се раѓа помеѓу мајките и децата во текот на доењето. Без разлика дали сте доеле неколку недели или неколку години, понекогаш е тешко да се помирите со престанокот, особено ако знаете дека тоа ви е последно дете. Токму крајот на доењето за многу мајки е голем момент во кој се случува експлозија на чувства, а во продолжение можете да пронајдете неколку совети.

Сосема е нормално да сте тажни

Доењето доаѓа со многу неверојатни моменти – преслатки звуци на вашето бебе, млечна „пијана“ насмевка по оброкот, големи очи кои задоволно гледаат во тебе, фаќање за косата додека цица, дури и слатки звуци кои ги испушта по хранењето. Тие моменти се непроценливи и тешко е понекогаш да се прифати дека им дошол крајот. Немојте да се срамите ако сте тажни или едноставно имате потреба да плачете. Вашето бебе расте и понекогаш е тешко со тоа да се помирите, но верувајте, тој период брзо ќе помине и ќе уживате во други, еднакво прекрасни моменти со вашето малечко.

Нормално е и да чувствувате олеснување

Колку и да било убаво доењето, понекогаш мајките едвај чекаат да се вратат на своите вообичаени рутини. По престанокот на доењето можете да уживате во пијалак кога и да посакате. Можете повторно да купите соодветни градници. И можете едноставно да ја поздравите својата нова слобода. Тоа значи дека можете да одвоите повеќе време за себе и да се тргнете од вашето бебе барем понекогаш.

Може да помине време додека да сопре лактацијата

Мали количини млеко обично течат со недели, месеци или години кај жени што биле бремени или доеле. Можеби ви е позната оваа ситуација: сте престанале да доите, а млеко сè уште ви тече, и тоа трае со месеци, па дури и една година. Тоа може да биде мала жолта капка, но е сосема нормално.

Твоите гради можеби никогаш нема да бидат исти

Твоите дојки можеби никогаш нема да се вратат во состојбата од пред бременоста или пред доењето. Но, тие се постојан потсетник на сите оние убави месеци поминати во доење. Баш како и стриите, сите мајки навистина би требало да бидат горди на своите гради, без разлика на нивниот нов изглед. Речиси сите мајки признаваат дека завршувањето на доењето е мешавина од чувства: тага, од една страна, и олеснување, од друга. Без разлика како сте се чувствувале на ова патување, запомнете, уште многу неверојатни моменти ќе има во мајчинството, иако еден дел од патувањето е можеби завршен, сеќавањата ќе ви останат засекогаш.

Извор



912

X